Апасиев ги посочи рекламите што ветуваат „пари во кеш за пет минути“, „само со лична карта“ и „без камати“. Според него, со таквото агресивно рекламирање финансиските друштва ги доведуваат граѓаните во заблуда и ги вовлекуваат во круг на задолжување, особено оние од најранливите категории.
Според бројките што ги изнесе Апасиев, во 2015 година имало 14.000 активни договори за кредит, а во првото полугодие од 2026 година нивниот број надминал 260.000. Неговата оценка е дека секој четврти возрасен граѓанин е задолжен со брз кредит.
За следните фази Левица најавува измени за да се спречат вознемирувањето на должниците и присилната наплата на долговите надвор од системот. Партијата ќе бара и забрана на скриените трошоци, а предлага Народната банка да го преземе надзорот врз финансиските друштва. Крајната цел на Левица е целосна забрана на тие друштва.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.