И во шах и во пинг-понг се натпреваруваат девојчиња и момчиња. Утре, по завршувањето на натпреварите, учесниците ќе добијат признанија за учеството и залагањето.
Општина Гостивар го организира турнирот заедно со домот и со средните училишта по повод ноемвриските празници. Блерина Селмани од општинскиот Сектор за образование вели дека целта е учениците да го развиваат натпреварувачкиот дух, но и да се дружат и да соработуваат. Општината сака одбележувањето на историјата и националниот идентитет да биде и повод за заедништво, пријателство и солидарност, а кај младите да поттикне заемна почит и соживот.
Во домот живеат 210 средношколци од цела Македонија кои учат во Гостивар. Покрај сместувањето и образовната работа, домот им овозможува на младите од различни етнички и културни средини да се запознаат и да живеат заедно. Директорот Јетон Селими смета дека фер натпреварот им помага да се зближат без оглед на етничката припадност. Целта, вели Селими, е турнирот да се одржува и во следните години и да стане традиција.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.