219 вести · 24 ч.
Берово 0°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Кирил Јосев ќе го води огранокот на ЗНАМ во Свети Николе

Фотографија објавена на јавниот профил на Движење ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА
Фотографија објавена на јавниот профил на Движење ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА
  • Огранокот избра и нови состави на Извршниот и на Надзорниот одбор.
  • Прв претседател на организацијата во Свети Николе беше д-р Борче Серафимовски.

Општинската организација на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија во Свети Николе вчера го избра д-р Кирил Јосев за претседател. На втората изборна конференција беа избрани и нови состави на Извршниот и на Надзорниот одбор.

Прв претседател на огранокот беше д-р Борче Серафимовски. ЗНАМ им се заблагодари нему и на досегашното раководство, со оценка дека со својата работа ги поставиле темелите на стабилна општинска организација.

На конференцијата присуствуваа и претставници на партиското раководство: генералот Павле Арсоски, пратеник од ЗНАМ, заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Н. Варџински, Андреа Весов и м-р Крумислав Барзов, советник во Општина Центар.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.