Во постапката, известителите на Комисијата ќе се сретнат со претставници на релевантни институции, парламентарните партии, деканите на петте правни факултети и претставници на студентските организации.
Предвидени се практични демонстрации на писмениот дел во Апелациониот суд во Скопје и на усниот дел во Министерството за правда.
Министерството за правда наведува дека предложениот модел предвидува единствен систем на полагање, еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди. Венецијанската комисија е советодавно тело на Советот на Европа, во кое се застапени 61 држава членка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.