175 вести · 24 ч.
Берово 0°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Тошковски: Функционери и верски лица добиле и платиле казни преку „Безбеден град“

Архивска фотографија · Извор: facebook.com
Архивска фотографија · Извор: facebook.com

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тврди дека функционери, директори и црковни лица добиле и платиле казни за сообраќајни прекршоци регистрирани преку „Безбеден град“. Тој посочи дека и самиот добил и платил казна.

Тошковски рече дека лица од различни нивоа му кажале оти им стигнала казна и ја платиле. Според него, тоа покажува дека системот функционира и дека функцијата не ги ослободува од санкции.

Тој изјави дека претходно, додека бил министер во техничката влада, имало обиди за ургирање за сообраќајни прекршоци. Според Тошковски, тие престанале по неговата реакција, а во последната година и половина никој не побарал од него интервенција за конкретен прекршок.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.