Најважно
354 вести · 24 ч.
Берово 9°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Мисајловски: Извидувачко-разузнавачкиот баталјон е рамо до рамо со елитните единици на сојузниците во НАТО

Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за одбрана
Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за одбрана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска, на Денот на Извидувачко-разузнавачкиот баталјон, оцени дека резултатите на меѓународните воени вежби и на престижните натпревари покажуваат дека припадниците на баталјонот се на исто ниво со најелитните единици на сојузниците во НАТО.

„Вие сте вистински амбасадори на македонската армија и доказ дека квалитетот на нашиот војник е на највисоко светско ниво“, им порача Мисајловски на припадниците на баталјонот во касарната „Илинден“.

За Мисајловски, 27 ноември е симбол на традицијата и континуитетот на единицата и на патриотизмот на нејзините припадници. За нив рече дека се секогаш први на теренот и секогаш чекор понапред.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.