Според МВР, пријавата се однесува на сомнение за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, злоупотреба на службената положба и овластување и проневера во службата. Во пријавата се наведува дека С.Г. подолг период злоупотребувала средства на штедачи, реализирала фиктивни кредити на име на граѓани и неправилно ги евидентирала нивните депозити.
Во предистражни дејствија координирани со Основното јавно обвинителство Кавадарци, полицијата и Финансиската полиција претресле повеќе локации. Пронајдени и одземени биле предмети и документација поврзани со случајот.
С.Г. била обезбедена и изведена пред Основното јавно обвинителство Кавадарци. Обвинителството предложило мерки на претпазливост: одземање на патната исправа и обврска да се јавува во суд.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.