Квазарот ја носи ознаката „J1504“+6252 и го добил прекарот Дун Ангаса. Го гледаме каков што бил пред околу 13,1 милијарди години, кога вселената имала помалку од 5 отсто од својата денешна возраст. Со измерено црвено поместување од 8,13, тој е првиот потврден квазар кај кој оваа вредност е поголема од 8. Неговата светлина доаѓа од епоха околу 40 милиони години порана од онаа на претходниот рекордер.
Квазарот е исклучително светла област во средиштето на галаксијата. Неговиот сјај доаѓа од гасот што спирално се движи кон супермасивната црна дупка. Притоа гасот силно се загрева и зрачи, па квазарот понекогаш свети посилно од целата галаксија.
Набљудувањата на „J1504“+6252 укажуваат дека во таа епоха црната дупка релативно бавно впивала материја. Како тогаш достигнала толкава маса толку рано по Големата експлозија? Можно е претходно да минала низ периоди на многу побрз раст или уште при настанувањето да имала невообичаено голема маса.
Астрономите сметаат дека со проучување на ваквите квазари би можеле подобро да разберат како настанале првите супермасивни црни дупки, како се развивале раните галаксии и какви услови владееле во првата милијарда години од историјата на вселената.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.