Шумите денес покриваат речиси 70 отсто од Бутан, земја со околу 800.000 жители. Повеќе од половина од нејзината територија е дел од мрежа на заштитени подрачја.
Бутан е меѓу ретките земји во кои шумите и другите екосистеми впиваат повеќе јаглерод диоксид отколку што земјата испушта. Хималајските шуми на Бутан помагаат и во регулирањето на водотеците во слатководните системи од кои, според проценките, зависат околу 1,6 милијарди луѓе во Јужна Азија.
Со наградата Бутан добива еден милион фунти за заштита на природата. Преку иницијативата „Restore Bhutan“, земјата планира до 2030 година да обнови 50.000 хектари деградирани шуми, земјоделско земјиште и други предели.
Климатските промени ги загрозуваат планинските екосистеми и изворите на слатка вода. Со обновата се очекува локалните заедници да имаат посигурен пристап до вода, да бидат поотпорни и да се намали ризикот од шумски пожари.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.