Учениците учеа за изворите на загадување на воздухот, а за слоевите на филтрите користеа памук, активен јаглен, експандиран перлит, сунѓер и филтер-хартија. Потоа со дигитален мерач го измерија квалитетот на воздухот и ги споредија резултатите за да утврдат колку добро работат нивните филтри.
Реализаторите на работилницата посочија дека, според параметрите што ги мереле на досегашните работилници во различни градови, најчист воздух измериле во Пехчево.
Работилницата ја организираа Мрежата за искуствено учење и Народна техника на град Скопје како дел од проектот „Сакам наука и иновации“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.