Најважно
389 вести · 24 ч.
Берово -5°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Патеката до Сарајот во Македонски Брод е попристапна за лицата со намалена подвижност

Фотографија објавена на јавниот профил на Центар за развој на Југозападен плански регион- Струга
Фотографија објавена на јавниот профил на Центар за развој на Југозападен плански регион- Струга
  • На патеката се поставени бекатон-плочки, клупи и корпи за отпадоци.
  • Обновата на патеката ја финансираше Бирото за регионален развој.

Лицата со намалена подвижност сега имаат полесен пристап до локалитетот Сарајот во општина Македонски Брод. Пешачката патека што води до него ја обнови Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

На патеката се поставени бекатон-плочки, а покрај неа има нови клупи и корпи за отпадоци. На падината има бетонски скали со метална ограда.

Центарот оценува дека по обновата пешаците можат побезбедно и поудобно да се движат до Сарајот и дека поуредениот простор придонесува за промоција на локалитетот. Работите ги финансираше Бирото за регионален развој.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.