Увидот почна вчера и ќе трае 30 дена. Документацијата може да се разгледа од 8 до 16 часот во општинското Одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и локален економски развој. Барањето е достапно и на веб-страницата на Општина Валандово.
Заинтересираните можат усно да ги дадат своите забелешки во истото одделение. Писмените забелешки се доставуваат до Општина Валандово, на ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово.
Друштвото за градежништво и трговија „Жикол“ ДООЕЛ експорт-импорт е оператор на каменоломот со сепарација на Татарли Чука. Инсталацијата за која бара дозвола има капацитет од 150.000 тони годишно. Таа спаѓа во категоријата 3.2 во индустријата на минерали, која опфаќа ископ, дробење, мелење, сеење и загревање на минерални суровини.
За дополнителни информации за инсталацијата, лице за контакт во „Жикол“ е Јордан Петрески. Заинтересираните можат да се обратат на адресата на фирмата, ул. „Кирил Тренчев“ бр. 10 во Струмица, или во каменоломот на Татарли Чука.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.