221 вести · 24 ч.
Берово -1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ноќеска расчистени првите снежни наноси во Љуботен и Љубанци

Фотографија објавена на јавниот профил на Дарко Костовски
Фотографија објавена на јавниот профил на Дарко Костовски
  • Екипите расчистија наноси и во повисоките предели на Бутел.
  • Коловозите ги посипуваа со индустриска сол за да спречат голомразица.

Екипите на Општина Бутел ноќеска ги расчистија првите снежни наноси во селата Љуботен и Љубанци, како и во повисоките предели на општината.

Во два часот по полноќ екипите на јавното претпријатие беа на терен со механизацијата на компанијата ангажирана за зимско одржување. Покрај расчистувањето на снегот, тие ги посипуваа коловозите со индустриска сол за да спречат голомразица.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, изјави дека Кризниот штаб за зимско одржување и сите ангажирани екипи се во целосна готовност за нови интервенции.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.