221 вести · 24 ч.
Берово -0°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Гази Баба воведе дежурни тимови пред првиот снег

Илустрација за снег
  • Дежурните тимови ќе ја следат состојбата и ќе реагираат по потреба.
  • Мобилизирани се и фирмите задолжени за зимско одржување.

Општина Гази Баба воведе дежурни тимови во пресрет на најавените зимски услови. Тие ќе ја следат состојбата и ќе реагираат таму каде што ќе има потреба.

Градоначалникот Бобан Стефковски го активира Кризниот штаб за зимски услови. Мобилизирани се и фирмите задолжени за зимско одржување, кои се подготвени да интервенираат. Целта е првите снежни врнежи да не ги попречат секојдневните активности на жителите и да не ја загрозат нивната безбедност.

Стефковски ги повика граѓаните на одговорност и внимателност, особено во сообраќајот. Тој побара од возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да одржуваат безбедно растојание и задолжително да користат зимска опрема.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.