На меѓународната конференција за микрокреденцијали во европскиот образовен простор, одржана на Универзитетот за Вармија и Мазури, проф. д-р Флорије Исмаили ги претстави искуствата од Македонија. Исмаили, советничка за академско планирање и дигитализација на УЈИЕ, зборуваше за предизвиците и за поуките од досегашната практика.
Во дискусијата за тоа како студентите гледаат на микрокреденцијалите учествуваа Ела Исмаили од УЈИЕ и Јулија Висоцка од универзитетот во Олштин. Двете се студентски амбасадорки на европската универзитетска алијанса „ChallengeEU“, во чии рамки се одржа конференцијата.
УЈИЕ е еден од деветте универзитети во алијансата. Нивната заедничка цел е преку новини во образованието и меѓународна соработка да придонесат за пофлексибилно, поинклузивно и подобро поврзано високо образование во Европа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.