Најважно
368 вести · 24 ч.
Берово 7°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Првачиња од Аеродром добија пофалница за ликовни творби за она што им е важно

Гледај на Facebook
  • Ликовниот конкурс беше посветен на Националниот ден на осигурувањето.
  • По конкурсот, првачињата разговараа за улогата на осигурувањето.

Учениците од „I-5“ одделение во ООУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром добија пофалница од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за учеството на ликовниот конкурс „Како се грижиме за она што ни е важно“.

Повод за конкурсот беше Националниот ден на осигурувањето, 1 ноември. Од училиштето велат дека пофалницата ги израдувала децата и дека биле горди на признанието.

По конкурсот, првачињата разговараа за тоа како осигурувањето помага да го заштитиме она што ни е важно. Разговорот беше дел од интерактивна презентација на работилницата што АСО ја организираше за месецот на финансиската писменост.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.