Домаќин на прославата беше училиштето „Сабедин Бајрами“ во Камењане. Уметничката програма беше посветена на албанските национални вредности, историјата и симболиката на црвено-црното знаме. Децата го честитаа Денот на знамето со транспарент со црн двоглав орел.
Во спортската сала, пред албанското знаме, група ученички танцуваа со црвени марами во рацете, облечени во црвени блузи и црни здолништа. Во подготовките за настапот им помогнаа наставниците.
Од училиштето оценија дека учениците со танцот создале празнична атмосфера и покажале како албанската култура и традиција се пренесуваат од поколение на поколение.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.