Покрај јадењата, на трпезата имаше овошје и зеленчук. Над неа стоеше постер со цртеж на мисирка и натпис на англиски за благодарноста, кој го изработија учениците од одделенска настава. Од училиштето велат дека со дружењето и заедничката работа учениците потсетиле колку е важно да ги цениме и малите и големите нешта во животот.
Одбележувањето се надоврза на наставата по англиски јазик, во која учениците се запознаваат и со културата, традициите и обичаите на земјите од англиското говорно подрачје. Го организираа Ученичкиот парламент, деветтоодделенците и Шејна, волонтерка од Мировниот корпус, во соработка со наставничките по англиски јазик.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.