Проверката продолжува со Министерството за внатрешни работи. Двете министерства ги споредуваат податоците за да утврдат дали корисниците се во земјава и дали ги исполнуваат условите за помош. Мицкоски го нарече проблемот системски и рече дека меѓу оние што примале пари без да имаат право има луѓе од различни етнички заедници низ целата земја, од Дебар до Делчево и од Гевгелија до Куманово.
Зборувајќи за буџетот за следната година, премиерот рече дека е уверен оти Владата ќе ги зголеми социјалните трансфери и пензиите. Очекува да се исполнат и обврските од колективните договори во здравството, образованието, администрацијата, судството и обвинителството.
Мицкоски процени дека во следните две години ќе бидат потребни околу 5 милијарди евра за отплата и рефинансирање на старите долгови, за камати и за финансирање на буџетскиот дефицит и капиталните инвестиции. Појасни дека процената не подразбира поголемо трошење и дека очекува дефицит до 3,5% од бруто-домашниот производ. Тоа го оцени како добро ниво во споредба со Италија и Франција, каде што, според него, дефицитот е над 5-6%.
За да ги обезбеди парите, државата ќе треба да излезе на меѓународниот финансиски пазар. Според Мицкоски, таму сега има помалку достапни пари отколку за време на пандемијата, кога се печатеа пари. И покрај тој притисок, премиерот рече дека е уверен оти Владата ќе го обезбеди потребното финансирање, а ќе мора да има пари и за редовно плаќање на проектите што се во тек.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.