Најважно
360 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Филипче: Мицкоски избегнува да каже со кого е договорен влезот на Алта банка во Македонија

Гледај на YouTube

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата за пратенички прашања го обвини Мицкоски дека не одговара конкретно со кого е договорен влезот на Алта банка во Македонија. Во репликата му порача дека се надева оти одговорот нема да се појави во преписките на Скај.

„Се надевам дека одговорот вака најдобронамерно нема да излезе во некоја од Скај преписките, ама тоа вие најдобро го знаете“, му рече Филипче на Мицкоски.

Филипче го обвини Мицкоски и за лицемерие поради различните изјави што, според него, ги дава пред странската и пред домашната јавност. „Прашањето е зошто признавате на странски медиуми дека нема предавство, а тука нѐ обвинувате дека сме предавници“, рече претседателот на СДСМ.

Според Филипче, Мицкоски не го сменил ставот, туку го менува она што го кажува во зависност од тоа кој го слуша. Филипче рече дека укажувањето на таа разлика не е кодошење и го повика Мицкоски да биде доследен. Го праша што би рекол доколку на седницата гостува претседателката Фон дер Лајен.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.