Најважно
356 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Петтоодделенци во Пехчево направија и тестираа свои филтри за воздух

Фотографија објавена на јавниот профил на Ванчо Китанов — Пехчево
Фотографија објавена на јавниот профил на Ванчо Китанов — Пехчево

Петтоодделенците од училиштето „Ванчо Китанов“ во Пехчево вчера самостојно изработија повеќеслојни филтри за воздух и проверија колку се ефикасни. Експериментот беше дел од работилница за важноста на чистиот воздух и за заштитата на животната средина.

Учениците учеа за изворите на загадување на воздухот, а за слоевите на филтрите користеа памук, активен јаглен, експандиран перлит, сунѓер и филтер-хартија. Потоа со дигитален мерач го измерија квалитетот на воздухот и ги споредија резултатите за да утврдат колку добро работат нивните филтри.

Реализаторите на работилницата посочија дека, според параметрите што ги мереле на досегашните работилници во различни градови, најчист воздух измериле во Пехчево.

Работилницата ја организираа Мрежата за искуствено учење и Народна техника на град Скопје како дел од проектот „Сакам наука и иновации“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.