Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 9°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Компаниите за брзи кредити мора да вратат над 140 милиони денари на повеќе од 26.000 граѓани

Фотографија објавена на јавниот профил на Генерален секретаријат
Фотографија објавена на јавниот профил на Генерален секретаријат

По инспекцискиот надзор, компаниите за брзи кредити се задолжени со решенија да им вратат на повеќе од 26.000 граѓани низ Македонија вкупно над 140 милиони денари што незаконски им ги наплатиле, изјави денеска Митева.

Државниот пазарен инспекторат го провери работењето на сите 27 лиценцирани финансиски друштва. Резултатите беа претставени четири месеци откако Владата се обврза да се провери целиот сектор. Според Митева, ова е првпат Инспекторатот да спроведе толку обемен надзор кај овие друштва.

Митева ги посочи трошоците за опомени како пример за товарот што го носат семејствата со брзи кредити. Кога покрај сметките, семејните потреби и ратата треба да се плати и за секоја нова опомена, притисокот врз семејниот буџет расте, рече таа.

На прес-конференцијата Митева најави дека повеќе детали за утврдените неправилности ќе дадат директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.