Сега студентите не добиваат пари за дневен оброк во јули, август и септември, а од исплатата се исклучени и неделите и празниците. Мицкоски го оцени како недостоинствен износот што студентите го добиваат со овие ограничувања и обвини дел од опозициските политичари дека го злоупотребуваат прашањето за оброкот.
Засега Владата ги планира попустите за услуги во Македонија. Мицкоски смета дека со апликацијата студентите би можеле да имаат двојно или тројно повеќе поволности од сега. За следната фаза се разгледува можноста да ги користат и во странство.
„М.услуги“ ја развива Министерството за дигитална трансформација, а на студентските поволности со него работат и министерствата за образование и наука и за финансии, Генералниот секретаријат на Владата и кабинетот на премиерот. По последната владина седница ќе се вклучи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, кое развива посебна апликација и младинска картичка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.