На настанот во Криволак, посветен на здравјето и квалитетот на живот на овие жители, учествуваа лекари, други здравствени работници, професори и претставници на здравствени установи и на проектните партнери. Теренската работа е дел од општинскиот проект „Elder-Care“, чија цел е луѓето со деменција и нивните семејства да добиваат подобра здравствена и социјална поддршка.
Покрај работата во селата, Општината опремува дневен центар за повозрасни лица и луѓе од ранливите групи во спортската сала „Младост“. Во центарот ќе има простор за физички и терапевтски активности, како и за активности за подобрување на менталното здравје.
Во проектот учествува и Здравствениот дом во Неготино. За него се планирани медицински кабинет за рехабилитација со соодветна опрема, амбулантно возило, преносен апарат за ултразвук и друга медицинска опрема.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.