Во зависност од бројот на пријавени, Комората и Агенцијата за катастар на недвижности ќе разгледаат дали да организираат дополнителни обуки. Ако утврдат нови термини, навреме ќе ги известат пријавените адвокати.
По претходниот повик за пријавување интерес, Комората и Агенцијата вчера одржаа обуки во Генералната дирекција на Агенцијата во Скопје. Адвокатите практично учеа како да пристапат до електронскиот шалтер и да ги користат катастарските услуги преку него.
За тоа како повеќе адвокати да го користат електронскиот шалтер разговараа во септември претседателот на Комората Лазо Ѓорѓиевски и директорот на Агенцијата Иван Живковски.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.