Со помош на професор, учениците ќе подготват сценарио, а преку објави на социјалните мрежи ќе побараат глумци. По кастингот и распределбата на улогите, планираат проби, снимање и обработка на филмот. За снимањето предвиделе камера или телефон.
Друга идеја е работилница на која учениците преку игра ќе разговараат за меѓусебната почит, довербата и негативните последици од озборувањето.
Гимназијалците ги разработија идеите на третата работилница, посветена на осмислување ученички проекти и иницијативи. Преку дискусија и заеднички вежби утврдија што му е потребно на училиштето, избраа приоритети и планираа кој за што ќе биде одговорен во наредниот период.
Работилницата е дел од втората фаза на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, чија цел е учениците да преземаат иницијатива и одговорност за подобрување на средината во која учат. Нивната менторка е професорката Соња Тодоровска, со поддршка од менторката Александра Павловска. Проектот го поддржуваат Коалицијата на младински организации СЕГА, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Смарт АП.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.