345 вести · 24 ч.
Берово 3°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

ВИДЕО: Мицкоски очекува 10 отсто повеќе средства за Реформската агенда

Гледај на Facebook

Христијан Мицкоски очекува пакетот од 750 милиони евра што Македонија веќе ги доби за Реформската агенда да се зголеми за 10 отсто. За дополнување на пакетот разговараше на денешниот самит на ЕУ и Западен Балкан во Брисел.

На работната средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и еврокомесарката за проширување Марта Кос, Мицкоски разговараше и за проширувањето на ЕУ и за Планот за раст.

Соговорниците разгледаа голем дел од реформите што Македонија досега ги спроведе и придобивките од нив. Мицкоски рече дека земјата продолжува да ги спроведува проектите од Реформската агенда и дека очекува повторно да постигне најдобри резултати.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.