Анкетата за граѓаните е анонимна, а учеството е доброволно. Прашањата се однесуваат на социјалната и економската состојба на жителите, тешкотиите со кои се соочуваат секојдневно и пристапот до социјални, здравствени и други услуги. Целта е да се утврди што им е најпотребно на различните возрасни и социјални групи. Податоците ќе се користат исклучиво за социјалното мапирање и за подготовката на планот.
За институциите и граѓанските здруженија што работат на подрачјето на општината има посебен прашалник. Тие можат да наведат со кои групи граѓани работат, какви услуги, активности и програми нудат и со каков кадар и материјални средства располагаат. Прашањата опфаќаат и кои нови услуги се потребни, што го отежнува нивното развивање и како институциите и здруженијата би можеле подобро да соработуваат во социјалната заштита.
Со одговорите од двете анкети Општината ќе ги спореди потребите на населението со услугите и ресурсите што веќе се достапни. Таа анализа ќе биде основа за избор на приоритетите и за планирање на локалните социјални политики, програми, мерки и услуги.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.