Најважно
379 вести · 24 ч.
Берово -4°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Над 1.000 компании учествуваат во дуалното образование во Македонија

Извор на фотографијата: Министерство за образование и наука
Извор на фотографијата: Министерство за образование и наука

Во дуалното образование во Македонија се вклучени над 1.000 компании, а неговиот натамошен развој е еден од приоритетите што заменик-министерот за образование и наука Дритон Сулејмани ги претстави на Глобалниот самит за вештини во Торино. Според него, целта не е само образованието да одговори на потребите на пазарот на трудот, туку пред сѐ младите да имаат можност да ја градат својата иднина во земјата.

За да се зајакнат стручното образование и обуката, меѓу приоритетите се и унапредувањето на регионалните центри за стручно образование и обука и кариерното советување. Сулејмани се заложи и за учење во текот на целиот живот, за граѓаните да можат да се приспособуваат, да напредуваат и активно да учествуваат во економските и општествените промени.

Образовниот систем треба да одговори и на технолошкиот развој, демографските промени и зелената транзиција. На панелот во Торино, Сулејмани со другите учесници разговараше за тоа како меѓународната соработка може да помогне во развојот на вештините, јакнењето на отпорноста и справувањето со глобалните промени.

Сулејмани рече дека преку Националната реформска агенда и процесот на европска интеграција институциите се залагаат за квалитетно, инклузивно и конкурентно образование. За тоа, според него, се потребни трајни партнерства меѓу образовните институции, компаниите и меѓународните партнери, а вложувањето во образованието и вештините е важно за европската иднина на земјата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.