Со оглед на шансите пред двата гола, Фудбалската федерација на Македонија го оцени ремито како најреален исход. Натпреварот се играше на теренот во тренинг-кампот на ФК Будуќност, а судеше Владимир Бјелица од Црна Гора.
За Македонија почнаа Марио Стојковски, Џетмир Асани, Ејман Емини, Дин Рожајац, Калин Аврамовски, Амар Незири, Павел Зојчевски, Јован Јанчевски, Стефан Стојановски, Доротеј Христов и Фисник Амити.
Селекторот Горан Станковски направи тројна замена во 61. минута: Омер Вардар влезе на местото на Јанчевски, Јоан Георгиевски го замени Стојановски, а Давор Тенески влезе наместо Христов. Хамза Зубери го замени Асани во 72. минута, а Васко Трајков го замени Емини во 85. минута.
Црногорскиот селектор Балша Богиќевиќ почна со Љеон Цамај, Немања Нишавиќ, Радован Радуновиќ, Богдан Јокиќ, Матија Симоновиќ, Сава Јанковиќ, Димитрије Вишњиќ, Симон Калезиќ, Петар Ивановиќ, Петар Вуковиќ и Александар Јовановиќ.
Во 46. минута Филип Радовиќ го замени Цамај, а Ѓорѓије Перуновиќ го замени Јовановиќ. Александар Саво Перовиќ и Андреј Пејовиќ влегоа на местата на Калезиќ и Ивановиќ во 64. минута. Во 73. минута Василије Љутица го замени Јанковиќ, а Јован Раковиќ го замени Вишњиќ. Последните две замени Богиќевиќ ги направи во 81. минута, кога Алдин Растодер влезе наместо Нишавиќ, а Балша Вукчевиќ наместо Вуковиќ.
Македонија и Црна Гора ќе го одиграат вториот контролен натпревар в четврток, 26 ноември, во 11 часот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.