Учениците свиреа на таблетите што им ги додели Општина Аеродром. На клавијатурата на екранот научија сами да ја најдат нотата до: ја бараа белата клавиша веднаш лево од групата од две црни клавиши. Го запознаа редоследот на седумте ноти и додека свиреа слушнаа како тоновите стануваат повисоки кога се движат надесно по клавијатурата, а пониски кога се движат налево.
Покрај свирењето, учениците пееја, играа музички игри и правеа ритмички вежби. Така го поврзуваа нотниот запис со звукот и ги вежбаа музичкиот слух, чувството за ритам, концентрацијата и координацијата. Одделенските наставнички Маја Азманова и Сашка Вукелиќ рекоа дека изведбата на Илијан особено ги израдувала и дека ваквата употреба на технологијата им помага да откријат таленти кај учениците.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.