174 вести · 24 ч.
Берово 0°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Владата ја усвои потребата од итно мислење за моделот на правосудниот испит

Архивска фотографија · Извор: pravda.gov.mk
Архивска фотографија · Извор: pravda.gov.mk

Владата денеска ја усвои потребата од итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит. Мислењето треба да даде експертска оцена за усогласеноста на решението со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.

Во постапката, известителите на Комисијата ќе се сретнат со претставници на релевантни институции, парламентарните партии, деканите на петте правни факултети и претставници на студентските организации.

Предвидени се практични демонстрации на писмениот дел во Апелациониот суд во Скопје и на усниот дел во Министерството за правда.

Министерството за правда наведува дека предложениот модел предвидува единствен систем на полагање, еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди. Венецијанската комисија е советодавно тело на Советот на Европа, во кое се застапени 61 држава членка.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.