
Јована Мојсоска
ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г. АФРИМ ГАШИ
ОД: ЈОВАНА МОЈСОСКА – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА
Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република С. Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено
П Р А Т Е Н И Ч К О П Р А Ш А Њ Е ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО
ЗА: Г. САШО КЛЕКОВСКИ - МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Почитуван,
На 23 јули 2024 година, тогашниот министер за здравство Арбен Таравари, во рамки на собраниската расправа за измените на Законот за здравствена заштита, јавно најави дека во рок од најмногу една година ќе биде донесен нов Закон за здравствена заштита, како дел од најавените реформи во здравствениот систем. Потоа, на 20 февруари 2026 година, и Вашиот претходник, министерот Азир Алиу, соопшти дека Министерството за здравство подготвило значајни измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита, кои биле објавени на ЕНЕР за јавна расправа. Притоа, тој најави дека по разгледувањето на доставените забелешки и предлози ќе биде подготвена финална верзија на новиот Предлог-закон за здравствена заштита.
Имајќи предвид дека станува збор за закон кој треба да постави темелна нормативна рамка за функционирањето на здравствениот систем, Ве прашувам:
1. „До каде е постапката за подготовка на новиот Предлог-закон за здравствена заштита и во која фаза се наоѓа неговото усогласување?“
2. „Кога конкретно се очекува Предлог-законот за здравствена заштита да биде утврден од Владата и доставен до Собранието на Република Македонија?“
3. „Доколку новиот закон не е во фаза на финализација, кои се причините за пролонгирањето на постапката и дали Министерството воопшто планира да предложи нов закон во текот на актуелниот собраниски мандат?“
***
Барам овие пратенички прашања веднаш да ги доставите до функционерот на кој му се упатени и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.
Скопје 04.11.2026 год.
ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: Јована Мојсоска