347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска прашува за барање за експлоатација на Плавица

Резиме

Јованка Тренчевска прашува дали „Силген Ресурсис“, како носител на концесијата за истражување на наоѓалиштето Плавица, поднела барање за дозвола за експлоатација до надлежните министерства. Таа бара да се наведат бројот и датумот на одлуката. Во прашањето посочува дека последните теренски активности повторно предизвикале загриженост кај локалното население, а наведува и дека планираниот рудник би бил површински коп со јаловиште во близина на градот.

Институционален одговор не е достапен во приложените материјали.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Скопје ПРИМЕНО: 04.11.2026 Оп.Единица Број Прилог Вредност 08 6771/1 0

До Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Г-дин Африм Гаши

Предмет: Пратеничко прашање

Согласно член 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија поставувам пратеничко прашање до министерка за енергетика,рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Во јавноста е достапна информацијата дека „Силген ресурсис“,која е поранешна фирма „ќерка“ на „Силекс неметали“ на локацијата Плавица-Црн врв, врши теренски и истражувачки работи, вклучувајќи тука и изработување на студии за животна средина, а се со цел да започне постапка за ископување на злато,бакар и сребро. Имајќи во предвид дека во 2019 година локалната самоуправа на општина Пробиштип, даде негативно мислење за отварање на овој рудник кој е планиран да биде со површинен коп и со изградба на јаловиште кое би било во непосредна близина на градот. Последните активности од теренот повторно предизвикаа загриженост помеѓу локалното население. Од тука се наметнува следново прашање:

Дали „Силген Ресурсис“,како носител на концесијата за истражување на рудно наоѓалиште на Плавица,има поднесено до сега барање за дозвола за експлоатација до надлежните министерства, односно дали и кога е поднесено барање за добивање на дозволата за експлоатација ( со наведување на бројот на одлуката и датумот на истата)?

Со оглед на значењето на ова прашање, барам навремено и целосно доставување на бараните информации.

ПРАТЕНИК Јована Тренчевска

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања