348 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска бара податоци за скринингот за рак на дојка

Резиме

Јована Тренчевска упати прашање до министерот за здравство Сашо Клековски за спроведувањето на програмата за рано откривање рак на дојка во изминатите три години и во 2026 година. Таа бара податоци за бројот и уделот на опфатените жени, времето на чекање за мамографија и дополнителна дијагностика, откажаните термини и причините за нив, местата каде што е достапна услугата, како и чекањето за контроли на дијагностицирани и оперирани пациентки. Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

До Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Г-дин Африм Гаши

Предмет: Пратеничко прашање

Согласно член 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија поставувам пратеничко прашање до министерот за здравство Сашо Клековски.

Ракот на дојка претставува едно од најчестите малигни заболувања кај женската популација и е една од водечките причини за смртност од малигни заболувања кај жените во Република Северна Македонија. Според податоците на Фондот за здравствено осигурување, во земјава годишно се регистрираат меѓу 800 и 1.000 нови случаи на рак на дојка, а бројот на жени кои се соочуваат со ова заболување укажува на потребата од континуирани и ефикасни превентивни активности.

Имајќи ја предвид важноста на превенцијата и раното откривање на ова заболување, како и значењето на достапноста и ефикасноста на Скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка, неопходно е да се направи детална анализа на нејзината реализација и искористеност во изминатите три години, како и во тековната 2026 година.

Имајќи ги во превид горенаведеното, Ве прашувам:

1. Колку жени биле опфатени со програмата и колкав дел од целната популација претставуваат? 2. Колку време просечно се чека за мамографија? 3. Колку жени со сомнителен наод добиле дополнителна дијагностика и во кој рок? 4. Колку жени се откажале и не го реализирале терминот и дали причините се нефункционалност на мамографите? 5. Каде се е достапна услугата за мамографија, во кои населени места поделени по регион? 6. Колку време се чека за контрола, преглед на веќе дијагностицираните и оперирани жени од рак на дојка?

Со оглед на значењето на ова прашање, барам навремено и целосно доставување на бараните информации и за истите да доставите соодветна релевантна документација.

Пратеник: Јована Тренчевска

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања