
Илире Даути
ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА г. Африм Гаши
Предмет: Пратенички прашања
Врз основа на членовите 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, поставувам пратеничко прашање до министерот за јавна администрација, г. Горан Минчев.
Во својство на пратеничка, барам од Вашето министерство да ми достави официјални, точни и детални податоци во врска со следново прашање:
Колкав е вкупниот број на лица кои во моментот се ангажирани (поединечно по институции), врз основа на договори на дело, авторски договори, договори на определено време, како и договори за отстапување на работници преку агенции за привремени вработувања, во следниве сектори:
1. Органите на државната власт; 2. Институциите од областа на културата; 3. Институциите од областа на здравството; 4. Институциите од областа на детската заштита и социјалната заштита (основани од државата); 5. Јавните претпријатија, установите и јавните фондови; 6. Единиците на локалната самоуправа (за лицата ангажирани за вршење административни работи во општините); 7. Други правни лица чиј основач е Република Северна Македонија.
Страна 1 од 3
Во врска со горенаведените лица, барам бараните информации (податоци) да ми бидат доставени структурирано, во две задолжителни форми:
1. Како вкупен кумулативен збир за сите наведени институции заедно, прикажан во апсолутни бројки и во точни проценти, според етничката припадност; 2. Јасно издвоени за секој сектор и за секоја институција поединечно, детално прикажани, како во апсолутни бројки, така и според етничката припадност за секој одделен случај.
ПРАТЕНИЧКА/ Илире Даути/
Страна 2 од 3