
Илире Даути
ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА г. Африм Гаши
Предмет: Пратенички прашања
Врз основа на членовите 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, поставувам пратеничко прашање до министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Во својство на пратеничка, барам од Вашето министерство да ми достави официјални, точни и детални податоци во врска со следново прашање:
Колкав е вкупниот број на лица кои во моментот се ангажирани (поединечно по институции), врз основа на договори на дело, авторски договори, договори на определено време, како и договори за отстапување на работници преку агенции за привремени вработувања, во следниве сектори:
1. Органите на државната власт; 2. Институциите од областа на културата; 3. Институциите од областа на здравството; 4. Институциите од областа на детската заштита и социјалната заштита (основани од државата); 5. Јавните претпријатија, установите и јавните фондови; 6. Единиците на локалната самоуправа (за лицата ангажирани за вршење административни работи во општините); 7. Други правни лица чиј основач е Република Северна Македонија.
Страна 1 од 3
Во врска со горенаведените лица, барам бараните информации (податоци) да ми бидат доставени структурирано, во две задолжителни форми:
1. Како вкупен кумулативен збир за сите наведени институции заедно, прикажан во апсолутни бројки и во точни проценти, според етничката припадност; 2. Јасно издвоени за секој сектор и за секоја институција поединечно, детално прикажани, како во апсолутни бројки, така и според етничката припадност за секој одделен случај.
ПРАТЕНИЧКА/ Илире Даути/ Страна 2 од 3