Филипче оцени дека Македонија е во ќорсокак за европската иднина по повеќе од 30 години и тоа го поврза со, како што рече, личната желба на Мицкоски. Тој тврдеше дека Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија ќе станат членки на Европската Унија до 2030 година, а Македонија не е меѓу нив. Предупреди и дека земјата ризикува да остане надвор од европскиот процес.
Во критиката на Мицкоски, Филипче се осврна на неговите пораки дека ќе ги брани името, јазикот, културата и идентитетот, наведувајќи дека тие се зачувани во меѓународните договори. Тој го оспори и аргументот дека Исланд не сакал да влезе во Европската Унија, посочувајќи дека земјата е дел од заедничкиот пазар.
Филипче го повика Мицкоски да не си игра со иднината на земјата и да размисли што ќе ѝ каже на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Тој предупреди дека следните генерации може да му судат.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.