
Реџеп Исмаил
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 76-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 16 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувана заменик министер Калтрина, неодамна министерот, или поточно вашето Министерство најави олеснување, односно олабавување, со речникот на министерот, на условите за градење на хотели. Би сакал да ве прашам, како ваквите најави за олеснување на условите се поклопуваат со вашите обврски по однос на заштитата на статусот на УНЕСКО на Охридското Езеро. Зошто го говорам ова и зошто го прашува. Поради тоа што, клучната забелешка на УНЕСКО Извештајот во однос на Охридското Езеро е дека токму дивоградбите и пренатрупаноста околу Охридското Езеро е причината за загрозување на статусот на заштитено Езеро од страна на УНЕСКО. И сега вие практично на болеста, наместо лек, вие доловувате дополнително отров, со тоа што планирате да ги олесните или да ги олабавите условите за изградба на хотели. Или пак можеби овие, приоритетот на Охридското Езеро, односно на туризмот не е за вас чистиот воздух и чистото Езеро, туку да има што повеќе комерцијални објекти. За жал, сите анализи во однос на туристичкиот предел на Охридското езеро, па и градот Струга и Охрид како околија на ова Езеро, не го потврдуваат тоа. Напротив. Многу важно за туристичката сезона и за туристичкиот потенцијал е Езерото да се заштити од постојаната узурпација. Се поставува прашањето и дали можеби овие најавени олеснувања за градба на хотели се темпирани да одговараат на конкретни инвеститори и проекти кој што допрва ќе градат хотели таму. Односно се во фаза на изградба, како на пример што е хотелот на бившиот шеф на вашиот министер Сашо Мијалков. Секогаш кога ќе поставиме прашање за диво градбите во Република Македонија министерството, министерот се прогласува за ненадлежен. Но, пред не одамна распиша тендер за уривање на диво градби на некакви си викендаши околу планинските предели во Република Македонија. Но, замислете вие имате и дојава, пријава до надлежни институции од градоначалник на главниот град на град Скопје. каде што се пријавени енормен број на диво градби, конкретно во општина Чаир. Имаме случаи и во многу други општини. Но, тука имаме значи чиста ситуација, имаме 11 годишњак кој што изградил 5 згради од во вредност од милион евра. И министерството се прогласува за ненадлежно додека веднаш после месец дена тоа во суштина покажува дека е надлежно за уривање на диво градби и распишува тендер за такво нешто. Но, тој тендер не се однесува за градбите околу Охридско езеро, не се однесува за диво градбите во Општина Чаир туку се однесува на викендиците во планинските региони. Значи, уште еднаш, дали мислите дека дополнително ќе го, не ли мислите дека дополнително ќе го загрози статутот на заштитено езеро со УНЕСКО. Тоа што вие ќе ги олабавите условите за изградба на хотели.