Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Заложба за тендерирање на патиштата кон Крушево

Резиме

Пратеникот Митко Трајчулески праша дали се обезбедени средства за рехабилитација на патните правци Кривогаштани–Крушево и Ладуево–Крушево и кога би почнале работите. Тој рече дека патиштата се во лоша состојба и се важни за пристапот до Крушево и развојот на туризмот.

Во одговорот, претставникот на Министерството за транспорт се заложи по седницата да разговара со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта за патните правци да се тендерираат во најбрз можен рок. Наведе дека во моментов се работи на реконструкција, но дека тоа не е доволно, и се заложи работите да почнат во текот на годината. Не потврди дали средствата се обезбедени.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Митко Трајчулески

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Митко Трајчулески, поставено на 81-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 21 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Третото мое прашање се однесува на патните правци кои го поврзуваат Крушево од едната страна од Прилеп кон Крушево патниот правец Кривогаштани до Крушево, регионален втора фаза. И патниот правец Ладуево – Крушево. Тие се двете артерии кои го поврзуваат градот од двете страни кои се во многу лоша состојба и кој треба да бидат рехабилитирани што поитно. Имајќи предвид не само историското значење на градот Крушево, не само тоа дека Крушево е основата на постоењето на современата македонска држава. Туку затоа што Крушево последните години се развива и се таблира како еден од најзначајните туристички центри во државата. Меѓутоа, стана и топ меѓу првите три топ дестинации во светот. Во однос на адреналински туризам, поготово параглајдинг. Во Крушево се организира светски и европски првенства во параглајдинг, бројот на туристи значително е зголемен, меѓутоа за тоа да го направиме одржливо за да привлечеме уште повеќе туристи. Ние мора да имаме добар, безбеден и брз пристап до самиот град. И затоа овие клучни сообраќајници се многу важни да се рехабилитираат. Ние успеавме во текот на нашиот мандат прва фаза Кривогаштани до Крушево до половина да ја реализираме. Меѓутоа остануваат овие две фази. Дополнително ако добро се сеќавам ова беше и една од главните ветувања на ВМРО ДПМНЕ во очи локалните избори, дека овие две сообраќајници ќе бидат рахабилитирани и дека се ставени во програма. Моето прашање до вас, не дали се ставени во програма на јавното претпријатие, пошто знаеме во програмата има една ставка доколку се обезбедат средства. Моето прашање, дали се обезбедени средства за рехабилитација на овие патни правци и доколку да, кога да очекуваме почеток со работни активности односно со рехабилитација и реконструкција на овие патни правци. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Митко Трајчулески, поставено на 81-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 21 јануари 2026 година Благодарам. По однос на патните правци кон Крушево мислам дека прашањето беше многу прецизно, не дали ЈПДП ќе ги стави во програмата, туку дали ќе ги реализира, што се слагам е голема разлика. Еве тука јавно пред сите давам заложба дека ќе разговарам после оваа седница со директорот на ЈП за државни патишта во најбрз можен рок да ги тендерира овие патни правци. Во моментов некоја реконструкција се работи таму, но е далеку од она што сакаме да го видиме. Така што земам лична заложба да оваа работа ја завршиме и да во текот на годинава отпочне. Јас се надевам дека за брзо и да заврши работата.

Сите пратенички прашања