Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Зајкова бара објаснување за изборот на директор на Националната агенција

Резиме

Пратеничката Моника Зајкова бара од министерот за европски прашања да објасни како е избран Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и кои квалификации и професионални референци биле земени предвид. Таа прашува и дали Министерството е запознаено со јавните изјави и ставови за кои реагирале граѓански организации, дали ги поддржува и како ќе одговори на нивната загриженост.

Зајкова прашува и дали назначувањето укажува дека партиската припадност е главен критериум за јавни функции. Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Моника Зајкова

До Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Африм Гаши

Предмет: Пратеничко прашање Од пратеничката Моника Зајкова До Министерот за европски прашања и главниот преговарач со Европската Унија, г. Орхан Муртезани

Согласно член 38 и член 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, поставувам писмено пратеничко прашање до Министерот за европски прашања и главниот преговарач со Европската Унија, г. Орхан Муртезани

Во јавноста се појавија сериозни реакции и критики по повод неодамнешното назначување на г. Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Мрежата за заштита од дискриминација бара повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, „поради неговите изјави со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како и постапки кои се спротивни на европските вредности“.

Граѓанската организација „Форум за образовни промени“ (ФОП) упати протестно писмо до сите странски амбасади во земјата, како и до други меѓународни институции, изразувајќи длабока загриженост околу ова назначување. Во писмото се наведува дека назначувањето на г. Богојески е во спротивност со основните вредности на Европската унија – вредности на инклузивност, интеркултурен дијалог и почитување на човековите права. Дополнително, се потенцира дека јавниот дискурс на новоименуваниот директор е обележан со говор кој содржи ксенофобија, национализам и етничка омраза – вклучително и користење на навредливи термини кон Албанците во државата, што е спротивно на принципите на еднаквост и достоинство.

Грижата што се појавува во јавноста не е само за конкретното лице, туку и за пораката што оваа одлука ја испраќа до младите и пошироката јавност за вредностите што ги промовираат институциите поддржани од ЕУ.

Врз основа на овие сознанија, Ви ги поставувам следните прашања:

- Како е избран директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и врз основа на кои професионални капацитети, квалификации и референци е назначен г. Петар Богојески на оваа функција? - Дали Министерството е свесно за ксенофобичните, расистичките, националистичките, мизогените, нетолерантните, дискриминирачките и навредливите јавни изјави и ставови на новоименуваниот директор, и дали ги споделувате и поддржувате тие ставови? Ако не, како Министерството ќе одговори на загриженоста на граѓанските организации, како што е ФОП, кои веќе реагираа до меѓународни институции барајќи одговор за ваквото назначување? - Дали Министерството смета дека изборот на директорот претставува потврда дека во Република Северна Македонија главен критериум за поставување на јавна функција е партиската припадност, што директно води кон партизација и корупција – појава за која самиот Премиер јавно изјави дека ја уништува државата и зема човечки жртви, и против која најави одлучна борба?

Скопје,17.04.2025

Пратеник Моника Зајкова

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за европски прашања

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања