Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мециновиќ прашува за трошоците од џеб, Министерството ја објаснува партиципацијата

Резиме

Пратеникот Амар Мециновиќ го праша министерот за здравство зошто осигурениците плаќаат од сопствен џеб за прегледи, испитувања и лекови, колкав е нивниот просечен годишен трошок и што ќе преземе Министерството.

Министерството одговори дека задолжителното осигурување покрива услуги и лекови утврдени со закон, но осигурениците плаќаат партиципација, освен кога се ослободени. Наведе дека лековите надвор од листата може да бидат на товар на граѓаните, а за недозволена дополнителна наплата осигурените можат да поднесат претставка до Фондот за здравствено осигурување. Не посочи просечен годишен износ на личните трошоци, туку објасни дека тие опфаќаат и услуги и лекови што не се финансираат од задолжителното осигурување. Министерството и Фондот, секој во рамките на надлежностите, треба да ја унапредуваат достапноста и да проверуваат евентуални неправилности.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Амар Мециновиќ

ДО: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Африм Гаши

ОД: Амар Мециновиќ – пратеник од Левица

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република С. Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО

ЗА: г. Сашо Клековски - МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

Почитуван министер,

Моето пратеничко прашање, проследено со потпрашање, до вас е:

1. „За што точно граѓаните плаќаат задолжително здравствено осигурување, ако кога ќе отидат кај лекар повторно мораат да вадат пари од џеб за прегледи, испитувања, ЕКГ, санитарни прегледи и други услуги, а голем дел од лековите што им се потребни ги купуваат приватно?“

2. „Колку во просек еден осигуреник годишно плаќа од сопствен џеб за здравствени услуги и лекови и што конкретно ќе направи Министерството за граѓаните конечно да добијат здравствена заштита за осигурувањето што секој месец го плаќаат?“

***

Барам овие пратенички прашања веднаш да ги доставите до функционерот на кој му се упатени и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.

Скопје 07.10.2026 год.

ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: Амар Мециновиќ

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

Република Северна Македонија Министерство за здравство

ДО

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

- ПРЕТСЕДАТЕЛ Африм Гаши –

С К О П Ј Е

Во прилог Ви доставуваме одговор на пратеничко прашање од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 9 октомври 2026 година. Со почит,

Подготвил: Ана Петровска

Согласен: Д-р Бесник Хамити, шеф на кабинет

МИНИСТЕР Сашо Клековски

Министерство за здравство на Република Северна Македонија Ул. „50 Дивизија“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3112 500 www.zdravstvo.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за здравство

ОДГОВОР НА

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ ОД ПРАТЕНИКОТ АМАР МЕШИНОВИЌ, ПОСТАВЕНО НА 9 ОКТОМВРИ 2026 ГОДИНА.

Скопје, ноември 2026 година

2 Министерство за здравство на Република Северна Македонија Ул. „50 Дивизија“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3112 500 www.zdravstvo.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за здравство

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ ОД ПРАТЕНИКОТ АМАР МЕЦИНОВИЌ, ПОСТАВЕНО НА 9 ОКТОМВРИ 2026 ГОДИНА

Пратеничкото прашање гласи:

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

1. За што точно граѓаните плаќаат задолжително здравствено осигурување ако кога ќе отидат кај лекар повторно мораат да вадат пари од џеб за прегледи, испитувања, ЕКГ, санитарни прегледи и други услуги, а поголем дел од лековите што им се потребни ги купуваат приватно? 2. Колку во просек еден осигуреник годишно плаќа од сопствен џеб за здравствени услуги и лекови и што конкретно ќе направи Министерството за граѓаните конечно да добијат здравствена заштита за осигурувањето што секој месец го плаќаат?

О Д Г О В О Р

Министерот за здравство го дава следниот одговор:

Согласно Законот за здравственото осигурување, здравственото осигурување се установува како задолжително и доброволно. Задолжителното здравствено осигурување се установува за сите граѓани на Република Северна Македонија заради обезбедување на здравствени услуги и парични надоместоци врз начелата на сеопфатност, солидарност, еднаквост и ефективно користење на средствата под услови утврдени со овој закон. Начелото на солидарност претставува заемeн однос помеѓу сите осигуреници во здравственото осигурување кој се остварува преку обврската за континуирано плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување согласно законски утврдената основица и осигурениците кои имаат потреба да користат здравствена заштита поради тоа што настанала болест или повреда. Ова е заедничка обврска и заедничка одговорност на сите осигуреници за создавање на материјални можности за обезбедување услови и средства за остварување на правата утврдени со законот за осигурениците на кои тоа им е потребно. Во продолжение, со Законот за здравственото осигурување е предвидено дека осигурените лица учествуваат со лични средства (партиципација) при

Министерство за здравство на Република Северна Македонија Ул. „50 Дивизија“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3112 500 www.zdravstvo.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за здравство користењето на здравствени услуги и лекови, но најмногу до 20% од просечниот износ на вкупните трошоци на здравствената услуга, односно лековите. За здравствените услуги за одобрено лекување во странство, осигуреното лице учествува со 20% од вкупните трошоци, но не повеќе од 200 евра во денарска противвредност. Висината на партиципацијата се утврдува во фиксен износ,обратно пропорционално од цените на здравствените услуги. Тоа е одговорот на поставеното пратеничко прашање и точно дека секогаш граѓаните плаќаат еден дел од цената на здравствената услуга на име на партиципација која согласно законските одредби претставува приход на здравствената установа, освен во случаите кога се ослободени од плаќање, согласно законските и подзаконските прописи. Во оваа насока е одговорот и за лековите кои се дел од системот на задолжителното здравствено осигурување и кои се утврдени во Листата на лекови како во делот на примарната така и во делот на болничката здравствена заштита. Лековите од Листата на лекови паѓаат на товар на средствата на Фондот но и за лековите важи законската обврска за плаќање на партиципација по претходно утврден фиксен износ. Од поставеното пратеничко прашање не е јасно дали граѓаните приватно плаќаат за лекови од Листата на лекови или за лекови кои се по препорака на лекар но истите не се наоѓаат на Листата на лекови. Во вториов случај секако дека тие лекови паѓаат на товар на личните средства на граѓаните. Доколку од осигурено лице е побарано или наплатено дополнително плаќање за здравствена услуга која, согласно прописите, треба да биде обезбедена на товар на средствата на Фондот, лицето има право да се обрати до Фондот за здравствено осигурување со претставка или барање за проверка на конкретниот случај. Фондот, во рамките на своите законски надлежности, ги разгледува ваквите обраќања, ги проверува околности и основаноста на извршената наплата и доколку се утврдат неправилности, презема соодветни мерки согласно законските прописи и договорените обврски на здравствените установи. Особено нагласуваме дека осигурените лица не треба да сносат дополнителни финансиски обврски за здравствени услуги што им следуваат од задолжителното здравствено осигурување, освен во случаите и во висината изречно предвидени со прописите. Во однос на прашањето за просечните годишни плаќања на осигурениците од сопствени средства, потребно е да се има предвид дека вкупните лични плаќања за здравствена заштита опфаќаат различни категории плаќања, вклучително и услуги и лекови што не се финансираат од задолжителното здравствено осигурување. Оттука, податоците за вкупните лични финансиски трошоци не можат автоматски да се поистоветат со дополнителна наплата за услуги што се обезбедуваат на товар на средствата на Фондот. Во пратеничкото прашање

4 Министерство за здравство на Република Северна Македонија Ул. „50 Дивизија“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3112 500 www.zdravstvo.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за здравство содржани се и санитарните прегледи. Во оваа насока со законските одредби согласно кои со задолжителното здравствено осигурување не се опфатени здравствените услуги кои работодавачите се должни да ги обезбедуваат за своите работници, во согласност со прописите за заштита при работа.

Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, секој во рамките на своите надлежности, имаат обврска да придонесуваат за унапредување на достапноста на здравствените услуги, рационално користење на средствата и доследно почитување на правата на осигурените лица. Основната определба е јасна: средствата од задолжителното здравствено осигурување да се користат за обезбедување здравствена заштита согласно законските права на осигурениците, а секое евентуално отстапување од пропишаните правила за наплата да биде предмет на соодветна институционална проверка и постапување.

МИНИСТЕР Сашо Клековски

Подготвил: Ана Петровска Согласен: Д-р Бесник Хамити, шеф на кабинет

5 Министерство за здравство на Република Северна Македонија Ул. „50 Дивизија“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3112 500 www.zdravstvo.gov.mk

Сите пратенички прашања