Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

За едношалтерскиот систем за Блате и Ќафасан се чека одговор од Албанија

Резиме

Пратеничката Арбана Пашоли праша дали Владата има план и рок за модернизација на граничниот премин Блате, зголемување на бројот на вработени и воведување заедничка контрола со Албанија. Таа посочи дека патниците се соочуваат со долги чекања и побара побрз проток.

Во одговорот се наведува дека едношалтерски систем е предвиден за Блате и Ќафасан, но се чека институционален одговор од Албанија. Според одговорот, системот би бил пуштен во употреба за околу еден месец. Се посочува и дека со урбанистички план треба да се зголеми капацитетот на царинската точка во Блате, но тоа нема брзо да се реализира. Не е даден конкретен план за зголемување на бројот на вработени.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто мое прашање е за Беким Сали вице премиер и се однесува за потребата за модернизација на граничниот премин Блате во Дебар. После големиот број на граѓаните кои што фреквентираат во ова место. После функционирање на патот на Арби, значи овдека е сменета динамиката на граѓаните и најкраткиот пат направи дека граничниот премин Блате се употребува што повеќе, не само од граѓаните на Дебар туку и од граѓани на Скопје, Тетово и Гостивар и од Струга и од други туристи. Според официјалните податоци само во последните месеци поминале стотици патници и во споредба со минатата година ова ни покажува значи овој пат има големо значење за економијата и поврзувањето на двете држави. Меѓутоа паралелно со протокот граѓаните се соочуваат и со долги чекања во границата каде што во некој случаеви се еден час и повеќе. Наместо овој пат да ни донесе што побрз проток за граѓаните, тие се соочуваат со многу спорни процедури. Затоа е неопходно институциите да реагираат со реалноста на терен. Граѓаните бараат по ефикасни услови и воспоставување на заедничка контрола со Република Албанија. Како модел каде што би ја олеснила работата на проток. Бидејќи едно такво стратешко инвестирање, како што е патот Арби треба да биде проследено и со гранична инфраструктура која што ќе даде одговор за зголемување на патниците. Затоа моето конкретно прашање за вас е заменик премиер, дали Владата има план и рок за модернизирање на граничниот премин Блате и за зголемување на капацитетот на кадарот и за заедничка контрола во границата за да им се овозможи на граѓаните побрз проток.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за европски прашања

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 мај 2026 година Почитувана пратеничке, јас социјалните мрежи не ги следам многу, бидејќи сум ногу ангажиран како и да е. Одговорот го добивте за второто прашање. Граничниот премин Блате, вие знаете дека јавноста е информирана во неколку случаеви. Потврдивме дека системот оне стоп кој што ние со границата Косово и Србија ќе биде и со Блате и Ќафасан. Чекаме институционален одговор од страна на Албанија, не сме го ставиле во функција тој систем. Но, станува збор за еден систем кој што го олесна протокот на граѓаните и сме одговориле на реалните потреби на граѓаните и на Дебар и на Мала и Велика Дибра. И за околу еден месец ќе биде пуштен во употреба. Само за ваша информација како ние ја третираме работата во Блате. Значи, царинската точка кај што е во Блате треба со урбанистичкиот план да имаме нивно зголемување и капацитетот и мерките за мерење. Кој што во последните 20 години различни компании направија каде што царините ги извршија во Струга и после ќе можат да ги применат овие работи во Блате. Не велам дека ова брзо ќе се реализира, но еден наш фокус кои што се ќе биде со работата на дебарчани и на компаниите кои што дејствуваат во оваа зона. Благодарам.

Сите пратенички прашања