
Халил Снопче
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 2 ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 14 октомври 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господине министер, прашањето се однесува за елементарна потреба на граѓаните за да имаат пристап во јавните услуги. Како е може општина Студеничани, општина каде што до главниот град со околу 22 илјади жители да нема ниту една градинка за деца. Додека бројот на деца кои што ги има во оваа општина немаат градинка. Проблемот останува уште поголем, додека во текот на Ребалансот на буџетот ние како пратеници предлагавме амандман за изградба на детска градинка каде што беше одбиен од Владата. Дали сметате дека една голема општина со овој голем број на жители и толку голем број на деца да нема ниту една функционална градинка. Какво решение им нудите на овие семејства? Врз основа на кои критериуми Владата одлучува да не го поддржи амандманот за градинка во Студеничани. И дали може да ни кажете резултати од анализата ако ја имате. Премиерот Мицкоски рече дека околу 25 милиони евра се ориентирани за предучилишното образование и дека во процес 37 градинки. Значи каде е Студеничани во овој план. Дали го имаме во конкретен проект или е ова ставено надвор од приоритетите на Владата? Пак сакам да ви кажам дека
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 2 предучилишната едукација не е привилегија, туку е потреба на семејствата и на децата без разлика на нивната етничка припадност. Барам општ одговор господин министер околу ова прашање да ми објасните зошто една општина со 1000 деца немаат градинка и зошто нашиот амандман е одбиен и кога ќе се прави проекција на ова прашање.