Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Владата засега не планира дополнителни мерки за цените на горивата

Резиме

Пратеникот Пеце Милевски праша дали Владата ќе продолжи да интервенира во цените на нафтата и нафтените деривати за да ги заштити граѓаните од нови ценовни шокови.

Премиерот одговори дека во моментот не се планираат дополнителни мерки, бидејќи цените паѓаат. Рече дека ако продолжат да паѓаат, се очекува во понеделник ново намалување на цените на бензинот и дизелот. Тој наведе дека Владата ја амортизирала кризата со преземените мерки, ги спореди домашните цени со повисоките цени во повеќе земји од регионот и посочи дека се разгледува можноста за промена на акцизите за дизелот и бензинот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Пеце Милевски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Пеце Милевски, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почнувајќи воените дејствија во Иран кој што предизвикаа значителни промени во нормалното живеење и кризата која што првично ја погоди Јужна Азија па, потоа и Југоисточна и т.н. се прошири кон НАТО исто така и до Европа. Сведоци бевме дека повеќе влади, повеќе држави спроведуваа одредени мерки. Се обидуваа да им помогнат на граѓаните во преживување на тој процес односно на кризата со енергенси. Сведоци бевме дека во сите континенти тоа се случуваше. На пример и во нашето блиско соседство, на пример Словенија воведе одредени привремени ограничувања, рационализација на купување на гориво и т.н. Па дури и Европската комисија даде одредени препораки за намалување на брзина по автопатите, работа од дома, намалување на движење во делот на воздушниот сообраќај и така натаму. Но почитуван премиер, кога зборуваме со граѓаните, на разни средби, состаноци, формално и неформално со луѓето, луѓето како да не се свесни колку голема и колку силна беше оваа криза и тоа не го осетија веројатно поради посветената работа и мерките коишто се случија и кои што сериозно ги презеде Владата и обезбеди нормално функционирање од она што беше можно на стопанството, односно на економијата, но исто така тоа и не го сетија толку силно граѓаните во нашата држава. Тоа значи дека вашите успешни политики добро беа планирани. Исто така, не може да се избегне моментот дека одредени луѓе можеби очекуваат дека ќе гледаме редици по бензинските станици, дека ќе има проблеми, но тоа не се случи, тоа е симбол на едно друго време кога луѓето се мачеа за своето здравје да стигнат да обезбедат вакцини. И пак ќе кажам, поради тоа, поради тоа што граѓаните ги интересира, ќе го поставам моето прашање. Моето прво прашање е, дали владата ќе продолжи да интервенира во намалување на цената на нафтата, нафтените деривати за граѓаните да не се соочуваат со нови ценовни шокови.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Пеце Милевски, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Благодарам. Почитуван пратеник, што се однесува до првото прашање кое што е поврзано со енергетската криза, ефектите на истата, цените на горивата, што понатаму, би сакал да дадам еден поширок контекст кој што мислам дека е значаен. Секогаш кога правиме анализа, мора таа анализа да содржи одредена компарација со нешта, за да знаеме дали сме на правиот пат или пак не сме на правиот пат. Значи, ние мора да се споредуваме со нешто. А ние, логично се споредуваме со регионот. Бидејќи регионот, и по сентимент, но и по географија би требало цените да ги диктира и да бидат тие исти. Во случајот кај нас не се исти, но тоа кое што е важно е да се каже дека голема е разликата, како ние ја амортизиравме кризата и како голем дел од соседите ја амортизираат кризата. Се согласувам дека беше историски најголема, се согласувам дека ефектите и резултатите од истата беа жестоки и се согласувам дека кај нас овие три и пол месеци поминаа, би рекол, многу едноставно, бидејќи ние во ниту еден момент не создававме паника, не очајувавме, не правевме панични прес конференции, туку напротив, работевме за да граѓаните тоа не го почувствуваат. А кој е резултатот? Резултатот е дека имаме најниски цени убедливо денеска и во текот на кризата, но денеска ако ги споредите цените, ние имаме убедливо најниски цени на горивата. Еве јас ќе направам една кратка споредба и со она кое што е во регионот и цените кај нас. Имено, во Србија денеска ако наточите Дизел гориво еден литар, цената е 1,85 евра по литар. А ако наточите 95 октански бензин, тогаш 1,63 евра по литар. Ако појдете во Хрватска, таму во зависност дали точите внатре во градовите или на автопатот, цената за Дизелот се движи денеска од 1,59 евра до 1,85 евра по литар. А за бензинот, цената е од 1,57 до 1,73 евра по литар. Ако продолжите и понатаму да возите и стигнете во Словенија, тогаш ќе можете Дизелот да го купите 1.72 евра, а безоловниот 1,60 евра. Ако продолжите и понатаму да возите со вашето патничко возило и стигнете во БиХ, таму дизелот ќе го купувате за 1,50 евра, а 95 октанскиот безоловен бензин за 1.46 евра. Понатаму, ако влезете во Црна Гора Дизелот ќе го купувате за 1,55 евра, а безоловниот 95 октански ќе го купувате за 1,59 евра. И потоа дојдете во Македонија, дизелот ќе го купувате за 1,31 евра, а безоловниот 95 октански ќе го купувате за 1,36 евра. Од, би рекол, од 20 до 50 евроценти по литар е разликата од горивото кое што го точат граѓаните кај нас до горивата кои ги што ги точат граѓаните во овие земји. Имајќи во предвид дека ова е берзанска роба, ова не е роба која што се произведува, а во зависност од бизнис логиката се продава, ова е берзанска роба и изворите и берзите се горе, долу исти. Значи, цената би требало да е иста. Но тоа што го направи оваа Влада со сите мерки кои што ги презема е фактот дека имавме претприемачка логика. Начинот на кој што размислувавме беше, сите оние изгубени даноци поради тоа што го намаливме данокот на додадена вредност кај акцизите, да ги амортизираме со зголемена количина на продажба. И тоа успеавме, бидејќи многу граѓани од соседните држави, до Албанија, од Србија, од Грција, доаѓаа кај нас и постоеја денови кога до 50% беше зголемен конзумот на горивата кај нас. И мислам дек ана тој начин успеавме ефектите врз Буџетот, посебно во делот на даноците да ги аморитизираме, се разбира кај акцизите имаме одредено потфрлање и тоа ќе најдете во овој ребаланс на Буџетот и тоа потфрлање е некаде околу милијарда и половина. Нашата проценка во овој момент, директно потфрлање. Но цениме дека до крајот на годината сето тоа ќе се нивелира. Ако внимателно следевте како ги читам цените, ќе забележите дека ние сме единствената земја, каде што дизелот е поевтин од безоловниот. И јас направив една анализа, велам да видиме што е проблемот, и ако влезете во Законот за акцизи ќе видите дека акцизата за Дизелот е 15 и половина денари, а за безоловниот бензин е 22 денари, 95 и 98 октанскиот. Значи, 15 и половина за Дизелот, а 22 за безоловниот. Логиката тука ја нема, имајќи во предвид дека и Западна Европа, и животната средина нели, сите аспекти велат дека безоловниот помалку ја загадува животната средина, дека треба да се стимулира неговата продажба, дека користењето на безоловниот бензин, на електричните автомобили и така натаму, се тие кои што треба граѓаните повеќе да ги користат отколку автомобилите коишто се погонувани на Дизел гориво. И тука веќе сериозно се отвора простор за внатрешна дебата и анализа дали можеби не треба едните да ги намалиме, а другите да ги зголемиме. За да дојдеме до некое ниво, да речеме од 18, 19 денари отприлика. Овие 22 да ги спуштиме на 18, 19, овие од 15 и пол да ги качиме на 18, 19, за да добиеме логика како и сите земји во Европа. Само кај нас, ако забележавте дизелот е поевтин од безоловниот. Ете тоа е суштинската разлика и тоа се сите оние остатоци од порано кои што ние мораме да ги решаваме и каде што логиката, нема логика. Но за тоа ќе зборуваме можеби во некои идни времиња повеќе и ќе има таква дебата. Тоа кое што јас сега во моментов го истражувам е кои биле мотивите. Да видиме зошто акцизите имаат таква вредност и кои биле мотивите да дојдеме до една таква ситуација. Она кое што го следиме денеска е дека цената за барелот нафта е отприлика некаде околу 72, 73 долари по барел. Тоа укажува дека полека, но сигурно се враќаме на нивото помеѓу 60 и 70 долари по барел. Тоа е времето пред Заливската криза, времето кога цената беше таква каква што беше и тоа отвора повторно причина за внатрепартиско, односно внатревладино, се извинувам, анализирање и да видиме дали можеби не треба тука да овој Закон и овие вредности не претрпат одредени промени. Но, да ја видиме логиката, стручните лица и од Регулаторна, и од Министерството за финансии, да видиме која е логиката околу овие давачки. Се разбира, ако нема логика тогаш ќе одиме до нивно нивелирање и да може да си дојдат двете онака како што е и секаде во Европа. Впрочем, дизелот мора да е поскап од безоловниот бензин. И последно кое што мислам дека треба да го споменеме, а тоа е дали ќе има дополнителни мерки. Во овој момент не планираме од проста причина што цените паѓаат. Очекуваме сега во понеделник, ако вака продолжат да паѓаат уште едно, уште поголемо намалување на цените на бензините и на дизел горивото. И на тој начин, полека но сигурно да се вратиме на оние цени кои што беа некаде таму на крајот на месец февруари од оваа година. И со тоа очекуваме, она кое што веќе го споменав денеска на одговор на друго поставено пратеничко прашање, дел од транспортните компании даги вратат цените. И ова сакав уште да кажам, дека со керозин практично ние снабдувавме неколку регионални аеродроми од кај нас, од Македонија. Благодарам.

Сите пратенички прашања