Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Владата постави цел цените на основните прехранбени производи да пораснат најмногу 3% во јули

Резиме

Благица Ласовска праша каков договор е постигнат со големите маркети и дали се очекува намалување или задржување на цените, како и поголема општествена одговорност во услови на криза.

Премиерот одговори дека се разговарало за разликите во цените на исти производи, цените во соседните земји и трговските практики. Како цел за јули, според него, е поставено поскапувањето на основните прехранбени производи да не надмине 3%. Најави и разговори со производители и дистрибутери, како и разгледување законски решенија што, според него, би можеле да придонесат за намалување на цените. Не соопшти конкретен договор со маркетите за нивото на цените.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Благица Ласовска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Благица Ласовска, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Исто така, деновиве имавте изјава и неколку средби во овие неколку месеци со големите маркети. Кажавте, предупредувавте дека треба да го слушаат јазикот на граѓаните, па и гласот на граѓаните, гласот на Владата кој што вели дека, не треба во услови на една ваква финансиска криза да ги зголемуваат цените во маркетите и да имаат, како се вели она, супер профит, туку да имаат некакво сочувство спрема граѓаните. Исто така и оваа ваша изјава предизвика бурни хистерични реакции од опозицијата. Имавте повторно средби со големите супер маркети. Дали може да ни објасните и на нас, и на граѓаните на Република Македонија, каков договор беше постигнат и за што разговаравте, дали имаат слух по однос на овие прашања, бидејќи граѓаните секако дека ќе ги интересира дали цените во супер маркетите ќе се намалат, ќе останат исти и дали тие имаат некакво чувство за, да речеме, општествена одговорност по однос на цените и целата оваа криза која што, како низ целито свет, нормално дека ќе влијае и на нашата држава, на Република Македонија.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Благица Ласовска, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Третото прашање беше поврзано со седниците со маркетите со кои што го имавме таму, во тефтерот ми беше запишано. Мислам дека ист ваков, не мислам, него ист ваков состанок се договоривме да направиме и со производителите и дистрибутерите и потоа сите заедно да седнеме и да поразговараме многу отворено за тоа што е предизвик и како можеме заеднички тој предизвик да го надминеме и да го совладаме. Имаше различни дискусии. Ценам дека не е дозволено ист производ во различи маркети да има по 30% разлика во цена. Тие тоа го толкуваат дека дистрибутерот или производот за тој ланец маркети во таа недела, или во таа половина од месецот или во тој месец има специјална цена, па истиот производ за друг ланец следниот период повторо специјална цена и на тој начин се случува да имаме такви разлики во цените. Потоа на нашето прашање, зошто производи исти во соседни држави или во држави од соседството, поширокото соседство, кај нас се поскапи отколку таму. Тоа го толкуваа со стапката на царина, иако ние имаме најниска стапка на данокот на додадена вредност. Некој велеа тоа се нивни домашни производи, итн, во ред, ајде да речеме еве тој аргумент држи, па ние сме биле помал пазар, тие биле поголем пазар, токму тоа била предноста нивна споредена со нас. Па дадовме пример со помал пазар од нас каде што имаме производи кои што се произведени во Македонија, со пониска цена отколку во Македонија, и тука имаа некакви објаснувања и така траеше состанокот. Но, она кое што на крај го заклучивме е дека ако не си поставиме цел, ние не можеме да дојдеме до таа цел. А ние си поставивме сега цел за месец јули. Која ни е целта? Целта ни е да немаме, да биде стапката на пораст на цените на основните прехранбени производи помала од 3%. Да не биде поголема од 3%. И на тој начин директно да влијаеме на генералната стапка на инфлација, односно порастот на цените. И јас очекувам еден ваков состанок ист и потпретседателот на Влада и министер за транспорт да направи со превозниците, тука пред се мислам на авиобилетите, на автобуските билети, итн. Бидејќи ако изговорот беше кризата, енергетската криза и т.н. сега очекуваме кога се стабилизира нафтата, а гледаме сега дека е некаде околу 72-73 долара за барел и имаат тенденција да оди надолу, многу едноставно цената сега нема да зависи од некои неочекувани состојби, туку ќе зависи од побарувачката на пазарот. А пазарот нема да има голема побарувачка поради тоа што економскиот раст не е голем во светот. Да е економскиот раст 2, 3, 4% ќе има и поголема побарувачка. Во услови кога главните потрошувачи на нафта и нафтени деривати растат многу скромно, тоа значи дека побарувачката ќе биде соодветна на тоа, а кога немате голема побарувачка, тогаш цената очекуваме да се спушти надолу, кога ќе се спушти цената надолу, очекуваме овие наши авиокомпании или транспортни компании да ги намалат цените кои што да речеме во мај месец на годишно ниво беа во одредени делови до 30% поголеми од мај месец минатата година. Така што кога ќе се направи една ваква робусна акција од сите страни, по сите параметри, нема да се бориме против акцизната роба, алкохолот и тобако индустријата, тука немаме намера да интервенираме со мерки, ако некој одлучил тоа да го прави, нега го прави, но за сето ова за кое што зборувам, ценам дека со една ваква акција ќе имаме многу поедноставен начин заеднички да разговараме и заеднички да ги носиме решенијата. Тие потенцираат дава закони кои што се важни, а тоа е посебно во делот кај производите со рок на траење, најчесто тоа се земјоделските производи и овошјето. Тоа е она калото, кој што останува на крај, со еден закон, не е битно сега да не ја оптоварувам јавноста и пратениците, тоа се за не фер трговски пракси, еве да одам до таму, не се признаваат проценти соодветно на тоа што тие го бараат, за калото, за тоа кое што останува, остатокот од тие производи кои што имаат ограничен рок на траење. Се надеваме дека ќе најдеме заеднички јазик и она кое што мене најмногу ме изненади еден друг закон во кој што маркетот не може да откаже договор ако е причината наеднаш зголемување на цената или условите на примарниот договор до 30 дена. Така што, ако условно кажано едно шише вода некој ви го продава за 10 денара и наеднаш ви дојде следниот ден и ви каже 12 денара, вие имате месец дена да го раскинете договорот. Не можете веднаш, не, не можете веднаш да кажете го раскинувам договорот и тука е завршена целата работа. И имам подобар понудувач и подобра цена, простете но со вас не сакаме повеќе да соработуваме. Тоа е регулирано со закон и тие неколку работи ќе треба да најдеме креативни решенија, кои што сме убедени дека ќе допринесат до намалување на цените, но секако се разбира ќе треба и да седнеме со производителите и дистрибутерите, бидејќи од таму пак информациите кои што ги добиваме велат дека, да, сега ројалитите, односно привилегираната положба на рафтовите можеби директно не ја плаќаме, но се наоѓаат странични начини преку други, трети, четврти компании кои што нудат разно-разни услуги, не знам истражување на пазар, некој друг тип на креативни начини, ние тие практично ројалити услуги, односно место на рафтот го плаќаме странично и тоа нас не оптеретува како цена. Тука нормално домашните производители се помалку конкурентни со големи светски производители и тука се малку во подредена положба. И сега ние наместо домашните производители да ги помагаме, ние на ваквиот начин, барајќи прокси начини, практично директно влијаеме во увозот, посебно кога станува збор за кондиторската индустрија, наместо да влијаеме во конзумот на македонски производи кои се произведуваат тука кај нас во државата. Така што многу длабински сме навлезени во целата оваа состојба и јас очекувам ефектите многу скоро да се покажат. Сега повторно ќе кажам, ние имавме историски најголема енергетска криза и имајќи предвид со минатите искуства кога имавме двоцифрена инфлација и имајќи предвид соседството, цениме дека сме држава која што една од најдобрите која што се справи со оваа енергетска криза. Ниту во еден момент не сопревме извоз на бензини, на друг тип нафта и нафтени производи во соседството напротив. Тука само треба да се размисли една работа која што ја забележавме и веќе ја дискутиравме со министерката за финансии, а тоа е акцизата. Кај нас, ние сме единствена држава во која што дизел горивото е поевтино од безоловниот 95 октани. И тоа е така затоа што акцизата е 15,5 денара, а ваму е 22 денара, можеби треба да се усогласат негде на некоја цена од 19 денари и едната и другата, но тоа го анализираме. Единствена сме, не постои во регионот друга држава таква со тие цени. Секаде во принцип дизел горивото е поскапо од бензинот 95 октани. Само кај нас сега дизелот е 80,5 мислам најновата цена, а 84 денара е да речеме бензинот 95 октански. Еве, да речеме соседна Србија е 1,80 да речеме дизел горивото, а 1,60 е 95-ката безоловниот. И не е тоа само таму. Мислам и во сите држави ги анализиравме и Хрватска, и БиХ, и Црна Гора, и Албанија, така што кога сето тоа ќе се изанализира, можеби тука треба поправедно водење со акцизите, но тоа го ставаме за некои други времиња. Благодарам.

Сите пратенички прашања