Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Владата подготвува сопствена методологија за потрошувачката кошничка

Резиме

Пратеничката Силвана Ангелевска праша кога ќе биде објавена потрошувачката кошничка, кој ќе ја формира и што е предвидено да се скрати. Таа ги спореди податоците за вкупната кошничка и трошоците за храна и ги пренесе обвинувањата на опозицијата дека Владата сака да ја намали нејзината вредност за да избегне зголемување на минималната плата.

Во одговорот, Владата наведе дека новата кошничка сè уште не е готова. Министерството за економија и труд, со Статистика и други институции, подготвува методологија со сезонски производи и просечни цени од повеќе маркети. Според одговорот, кошничката ќе биде доставена до синдикатите за мислење и не е замислена да ја замени нивната. Владата исто така најави следење на цените и можност за нови мерки доколку утврди неправилности.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Силвана Ангелевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Силвана Ангелевска, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање е поврзано со првото прашање. Се однесува на потрошувачката кошничка. Во февруари била 63 илјади 773 денари според Сојузот на синдикати на Македонија која што ја изработува оваа синдикална кошничка, во март 61 илјада 855 денари, во април 62 илјади 691 денари и тоа опозицијата го искористи да каже дека е зголемување за 836,00 денари. Меѓутоа која е вистината. И, како мерките кои што ги спроведе Владата, економските мерки за замрзнување на трошоците влијаеле на трошоците за храна. По пресметките на ССМ во втори месец за храна на едно четиричлено семејство биле потребни 23 илјади 427 денари, во трети месец 21 илјада 838 денари и во четврти месец 21 илјада и 280 денари. Значи, трошоците за храна се намалиле. Е, тогаш каде е зголемувањето, 836,00 денари повеќе се ставени во рекреација и култура, ресторани и хотели и лична хигиена. Вие веќе еднаш тука на говорница кажавте, изразивте одредени сомневања за начинот на кој што се пресметуваат методологијата според која се пресметува оваа потрошувачка кошничка. И, моето конкретно прашање е следно. Значи, одредени реакции има дека потрошувачката кошничка не смее да се крати и ве обвинува опозицијата дека сакате да ја намалите вредноста за да не ја покачите минималната плата. Затоа реков првото и второто прашање се некако поврзани. Моето прашање е кога би се објавила потрошувачката кошничка, кој би ја формирал и што е предвидено да се скрати.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Силвана Ангелевска, поставено на 45- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 април 2025 година Почитувана пратеничке, поврзано со второто прашање околу потрошувачката минимална кошница која што редовно ја објавуваше една од синдикалните организации, а минатиот месец отсуствуваше објавата. Зошто? Претпоставувам тие треба да дадат одговор, па овој месец двете ги залепија една со друга. Но и тоа што ги лепеа двете, повторно покажува дека потрошувачката кошница која што го содржи делот за прехранбени производи е намалена за 2 илјади и 147 денари, тоа е негде нешто помалку од 9%, во месец април споредено со месец февруари. Зошто е тоа направено? Претпоставувам поради мерките на барање на Министерството за економија и труд ги усвои Владата и кој што на 30-ти април овој месец ќе завршат. Очекувам јасна и детална анализа, после и мониторинг на пазарот, да не дојдеме повторно до одредени девијации и одредени појави кога некој од трговците итн, ќе се обидат да заработат надвор од она кое, што би рекол пристојно однесување. Бидејќи се тешки времиња, се бориме сите да заштедиме нешто, да создадеме нешто плус итн, очекувам сите заедно тоа да го правиме. Од тука можам да кажам дека како Влада, а тоа им го кажавме и на Синдикатите, во консултација со низа институции за што Министерството за економија и труд е задолжено од страна на Владата да изготви минимална потрошувачка кошница со сезонски продукти и каде што репер цената ќе биде онаа која што ќе биде просечна од неколку маркети. Сите знаеме дека на пазарот кај нас има ланци кои што се со пониски цени и поексклузивни ланци кои што за истите производи можеби нудат повисоки цени. Целта на оваа потрошувачка кошница која што Министерството за економија и труд заедно со Статистика, заедно со тим од институции, не е готова, се појавија во јавноста шпекулации дека не знам толку члено семејство, волку члено итн, не е готова, да не бидеме погрешно разбрани. Оваа потрошувачка кошница ќе биде дадена на јавноста, на Синдикатите, министерот лично пред мене им кажа на тој состанок на Синдикатите, ќе ви ја дадеме на вас на мислење, но секако ќе ги опфати оние производи кои што се навистина потребни. Па не производи со кои што се вулгаризира сето ова и кои што се сезонски и кои што и по калорична вредност ќе одговараат итн, итн. Не мора да се прифати, но да имаме ние став врз основа на овие параметри, ние не велиме дека оваа кошница, нити пледираме да оваа кошница ја надсинхронизира кошницата на Синдикатот, напротив, но добро е да имаме две, три мислења, граѓаните нека судат, нека ценат тие која е, како е и што е. Ние не пледираме да само ние имаме ексклузивно право во сето тоа, не немаме таква намера. Така што мислам дека имам такво чувство, не велам дека чувството ми е оправдано, но имам такво чувство дека голем дел од пораките кои што доаѓаат од едно од синдикалните организации, се повеќе политички отколку синдикални. Имам такво чувство. Повторно ќе кажам, не велам дека сум во право, но, во ред и тоа е легитимно, ова што го зборувам тука го кажав и на состанокот, не сакам да биде дека озборувам или сега ја користам партиската говорница, тоа го кажав и на состанокот директно, дека ова чувство се создало кај мене. На крајот од денот се се сведува на политика и ако некој решил сето ова да го сведе на политика, нема проблем, ќе водиме политика. Но попат да не се загубиме. Тоа мене ми е страв и тука сум загрижен, затоа што тешко се живее, факт број еден, број два за жал некако како да државава преставува депонија на производи, а не суштински производи со вистински квалитет. Имам чувство дека дел од маркетите и трговците како да имаат изгубено чувство во која држава стопанисуваат. Па имаат маржи кои што се надвор од нормалните, понатаму неретко се случуваат основи и постојат индиции за карталско здружување на одредени правни субјекти кои што диктираат цени, диктираат маржи, итн. И ние сега имајќи сето ова во предвид, анализираме и правиме акција и велиме сакаме, покажуваме добра волја, сакаме да направиме нешто за граѓаните. Две мерки донесовме. Првата е, ограничување на дистрибутивните и трговски маржи и втората е да ги објават цените. Она што го видов, се шокирав, но ние сме виновни како Влада, следно ќе направиме софтвер и ќе го дадеме софтверот, ние ќе го финансираме, еве големите газди нека не го финансираат, ние Владата ќе го финансира, ќе направиме софтвер и ќе направиме такви измени во Законот да мора да го користат софтверот. Затоа што, има еден ланец кои што објавил 17 илјади артикли и повеќе и само ја закачил на својата веб страна листата од 100 страни. Се вулгаризира, но сакаме така да играме, нема проблем, ќе играме, во ред погрешивме, ние мислевме дека можеме да се разбереме културно како луѓе, очигледно дека некои поединци мислат дека се над сето ова и ни плукаат во лице со нивното однесување. Во ред, еве ќе го направиме софтверот за да можат дури сакаме и чекор понапред да направиме и апликација на овие што се паметни телефони да можат граѓаните на местото каде што се наоѓаат да лоцираат маркети и да направат споредби на цените за одреден артикал во најблиската околина, дури и тука одиме и ќе го направиме ова се, ќе треба време, но ќе го направиме. И тогаш да видиме дали ќе ни плукаат поединци од овие газди во лице. Тоа може да го направи Влада која што нема концесии, а ние немаме концесии и така функционираме и тоа го препознава народот. Така што да заклучам, минималната потрошувачка кошница се намалува дури и по методологијата на еден од синдикатите, очекувам тој тренд да продолжи или барем да се стабилизира да немаме дивеење и девијантно однесување во периодот кој што следи. Но се разбира доколку такво имаме, ние повторно ќе донесеме мерка, Министерството за економија и труд преку Државниот пазарен инспекторат кој што сега со новите законски измени е во склоп на министерството, будно ќе ја следи состојбата и ние јавноста ќе ја информираме на дневна основа, а што се однесува до јавното објавување на цени, тоа е мој личен приоритет сега, бидејќи гледам дека ни плукаат во лице, ќе направиме софтвер, ќе направиме и локатор, секој оној ќе може бесплатно да го даунлодира, да го симне на својот паметен телефон кој што го поседува и да си направи одредена споредба на еден ист артикал во својот периметар каде може и како може тоа да го земе по поевтина цена. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања