Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Владата најавува експертска работна група за закон за правична застапеност

Резиме

Пратеникот Блерим Беџети го праша министерот за јавна администрација кога ќе биде доставен предлог-закон за правична и еднаква застапеност, дали постои нацрт и кога се очекува законот да биде усвоен. Тој посочи дека претходно имало изјави оти решението ќе биде донесено до крајот на годината и праша за разликите во ставовите на владините претставници.

Министерот одговори дека Владата формирала работна група од експерти за подготовка на ново законско решение. Според него, законот треба да ја уреди уставно загарантираната правична застапеност, да биде долгорочно одржлив и да биде испратен до Венецијанската комисија за мислење пред да им биде доставен на пратениците. Министерот оцени дека досегашната алатка „балансер“ била злоупотребувана и рече дека нејзиното укинување било одлука на Уставниот суд.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Блерим Беџети

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање е за господин Минчев, каде во отсуство, повторно на министрите од коалицијата ВЛЕН ќе го прашам, кога ќе го доставите предлог законот за еднаква застапеност, правична и еднаква застапеност после една одлука исто така од Уставниот суд каде се тргна балансерот и многу други прашања бидејќи, ако сте една Влада имате заеднички ставови заменик премиерот Меџити, министерот Таравари изјавиле првично и координаторот на парламентарната група на ВЛЕН, но јас зборувам за делот од Владата кој пред малку на крајот од оваа година, сега сме при крајот, односно пред новогодишните празници, ова е тој период кој вашите колеги изјавиле дека ќе се изгласа еден ваков закон и подобар каде ќе се регулираат сите овие прашања. Дали имате подготвен драфт кој го решава ова многу осетливо прашање за Албанците бидејќи, во програмата во вашиот најголем партнер беше тргањето на балансерот и се реализираше со помош на Уставниот суд. Кој е вашиот став? Како министер бевте најповикан за ова прашање во овој владин кабинет дали има потреба и дали ќе се изгласа, кога ќе се изгласа еден ваков закон кој што ќе го решава правичната застапеност и бришејќи го и делот на етнитетот кој ќе се 26-00/6избриша од Уставниот суд. И уште еднаш ќе ве потсетам, бидејќи вашите колеги и од истиот владин кабинет изјавиле дека до крајот на годината ова ќе се случи. Сега дали некој тука игра мајтап со јавноста, дали некој од министрите се мајтапи со граѓаните и затоа беше тоа прашање, вакво како што беше до премиерот. Јас и сам сум бил министер, секој министер освен ресорот кој го раководи е и член на владиниот кабинет и цела оваа дисонанца, значи разлика е се друго освен сериозност и мислам дека најзагрижен од сите треба да е премиерот за сите овие изјави кои имаат дијаметрално спротивни ставови, само за да се купи време.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за јавна администрација

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Ќе почнам со тоа дека апсолутно ве разбирам, дека морате да отворате теми од етнички карактер. И дека апсолутно ве разбирам дека во состојбата во која што сте, во еден слободен пад на партискиот рејтинг е нужно да отворате вакви теми. Исто така ве разбирам дека мора да отворате теми поради состојбата во која што се наоѓа вашата коалиција, со напуштање на вашите коалициони партнери од Европскиот фронт. теми, Исто така ве разбирам дека мора да отворате вакви бидејќи имате раслојување комплетното членство од ДУИ во коалицијата ВРЕДИ. И преминување. Исто така ве разбирам дека мора да отворате вакви теми затоа што ДУИ стана партија која што од зелена агенда премина во црна аренда. Имајќи ги во предвид вашите функционери кои што се наоѓаат на црната листа на Стејт Департментот. Но тоа не е причина да не ви одговорам на вашето прашање и да ви дадам интегрално што се случуваше со балансерот. Балансерот е дигитална алатка која што е воведена во 2015 година, како производ на Охридскиот рамковен договор и беше во функција до 2024 година со Одлуката на Уставниот суд или пак да кажам со замрзнувањето на една одредба од Законот за вработени во јавниот сектор, а потоа и Одлуката на Уставниот суд, да оваа алатка се укине. Но пред тоа мојот став кој што сум го кажувал претходно бил дека оваа алатка која што треба да овозможи, ама вистински, правична застапеност на етничките заедници, треба да се укине и дека е злоупотребено. Е сега, слушајте ме внимателно. Агрон е убаво македонско име, Фатмир е убаво македонско име, Исмет е убаво македонско име, Анѓеле е убаво албанско име, Стојан е добро турско име, Зоран е добро бошњачко име. Ова се еклатантни примери со факти за злоупотреба на алатката балансер. Но исто така беше злоупотребен и процентот кој што беше во рамки на оваа дигитална алатка на етничката застапеност на одредени етнички заедници. И тоа ние како Министерство и јас како министер го поправивме. Затоа што нема теоретска шанса некој да ме натера од било какви политички причини да не го почитувам законот. Еве ви доказ за тоа. Закон за вработени во јавниот сектор - член 4, да не ви читам се, бројот на планирани нови вработувања по припадност на заедница се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Северна Македонија за територија на цела Република Македонија. Тоа значи, резидентното население кое живее на територија на Република Македонија. Или да преведам, 24,7 од етничката припадност на Албанци. А беше злоупотребена таа формула до 30%. А Македонците под 54 согласно последните податоци на пописот, отидоа на 59. Другите етнички заедници, горе-доле, беа со ист процент. Тоа е првата злоупотреба која што е од претходната Влада. Е сега малку ќе ми дозволите, имам уште време, околу лицемерието на ДУИ. Седница на Влада во која се присутни министри на ДУИ, вие што сте борците за правата на етнички заедници. Прв Груби, го познавате нели, овој бегалецот, тој прв што отиде да го враќа Груевски, сега отиде најверојатно да му прави друштво на него. Значи, јули 2023 година усвоено во Стратегијата за реформи на јавната администрација, имено вика, цитирам, начелото на еднаков пристап до секое работно место, начелото на стручност и компетентност и начелото на родова еднаквост треба да се примарни и единствено применети во целиот процес на селекција, вработување и унапредување на сите нивоа во јавна администрација, додека во фазата пред донесување на одлуката за избор, секако треба да се води сметка и за начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. На овој начин вели, од една страна се надминува потребата од примена на алатката наречена балансер. Вие сте го констатирале тоа. Крешник Бектеши, Артан Груби, Фатмир, сите комплет. Сега, видете значи сега законот важи за сите, нема веќе сега играње фудбалче по кабинет. Сега ќе се работи по закон а законот е ваков како што ви кажувам. Одиме понатаму. Извештај од Европската Комисија од 2023 година, цитирам: Член 5, се извинувам, член 2 – Процентот што се користи за оформување за Балансер алатка за човечки ресурси што го одредува процентот на вработени во јавниот сектор од секоја етничка група и понатаму загрижува и се злоупотребува. Што значи имате показатели секаде. Е, сега Балансерот не е укинат од министерството, Балансерот е укинат од Уставниот суд. А, ни како министерство одлуките на Уставниот суд не ги коментираме. Но, затоа пак вие ги коментирате. И, сега што се случува. Во неможност на било каква политичка тема друга за развој на Македонија. Што ќе прави ДУИ? Драматичен прес пред Уставниот суд дека се одземени етничките права. И, да потенцирам јавно од оваа говорница. Правичната застапеност на етничките заедници е уставно категорија со Охридскиот рамковен Договор и таа ќе се спроведува. И, ќе се направи закон како што треба да личи, да не падне повторно на Уставен суд. И, тој ќе го прават експерти, не политичари и партии. Таков каков што треба да биде. И, сега овој прес што се држи драмтично од страна на господинот Арбер Адеми, а по зади него седи Крешник Бектеши тој што го поддржал укинување на Балансер. Какво лицемерие и сега нема што да прави ДУИ ајде ќе наметнеме ваква тема. Не оди тоа господине Блерим Беџети. Дајте да збориме за развој на Македонија. Што се однесува за ново законско решение, Владата постави работна група од експерти која што ќе направи добро решение и кое што ќе ја исполни уставната категорија а тоа е правична застапеност на етничките заедници. Но, ќе биде такво решение кое што ќе опстои долгорочно а не вакво како што сте го направиле. И, уште еден податок плус иако имам уште малку време. Кога не постоел Балансерот од 2001 година до 2015 година има поголем процент на етнички вработувања од кога постои Баласерот од 2015 година до 2024 година. И, кога се злоупотребувал. А, новото решение ќе биде содржајно, квалитетно, ќе биде долгорочно, ќе биде пратен од Венецијанската Комисија и со мислење од таму ќе биде доставено до вас пратениците.

Сите пратенички прашања