Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Трипуновски: ИПАРД средствата не се блокирани, агенцијата ги продолжува активностите

Резиме

Пратеникот Бојан Стојаноски побара од министерот за земјоделство да ги коментира тврдењата дека Брисел ги стопирал средствата за ИПАРД и да даде детали за кривичните пријави против поранешниот министер Љупчо Николоски.

Министерот Цветан Трипуновски одговори дека проверката во Платежната агенција не значи блокада на средствата од Брисел. Според него, апликациите за ИПАРД се во фаза на евалуација, а агенцијата продолжува со тековните активности. Тој додаде дека се поднесени повеќе пријави против Николоски, наведувајќи обвинувања за постапувањето со земјоделско земјиште, грантови, унапредувања и друга опрема. Овие тврдења ги изнесе министерот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бојан Стојаноски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање ми за министерот за земјоделие, господинот Цветан Трипуновски, во изминативе денови во Парламентот еден лик буквално сака да се претстави како ете спасител на македонското земјоделие не бара не беше 6 години министер за земјоделие колку беше вицепремиер за добро владеење и секој пат кога вие не сте тука заради тоа што тоа не го дозволуваат деловничките можности или минатиот пат кога бевте на пат го користи тој простор за да напаѓа знаејќи дека нема кој соодветно да му одговори. Еве гледам дека вие денес сте тука, можеше повторно истите прашања да ви ги постави како минатиот четврток кога имавме седница за опозициски пратенички прашања. Човекот не дојде да ги постави тие прашања. Јас сметам дека тука треба да се одговори на следново прашање. Неколку лица се осомничени за примање поткуп, меѓу кои и директорот на Платежната агенција. Токму тој господин вели дека истрагата треба да се прошири и сметам дека една лага која што на никого нема да му донесе добро, најмногу ќе и одмогне на нашата држава, а тоа дека Брисел дека ги стопирал средствата за ИПАРД фондовите и затоа сметам дека треба да се даде можност вие како министер за земјоделие да одговорите на ова прашање. Така да прашањето кон вас е кој е вашиот коментар во однос овие тврдења од страна на тој лик. Ви благодарам. Дополнително прашање: Почитуван министер за земјоделие, мојот личен впечаток е дека претходниот пат кога имаше можност за една ваква дебата во Собранието. Поранешниот министер за земјоделие кој што сега е особено гласен и тој обвинува некого за криминал. Наменски се пријави за да го избегне овој дуел. Како што знаете практично некој пратеник од оваа говорница има имунитет додека вие и за вашиот имунитет од оваа говорница за тоа што ќе го искажете е дискутабилно така да, сметам дека ако имаше сериозни намери можеше да се соочи и директно да ги постави прашањата па вие да му одговорите. Но, еве јас би сакал да дообјасниме пред јавноста затоа што, ете и премиерот зборуваше за тоа и сите ние тука. Општ е впечатокот дека не можеме да се начудиме како тие луѓе кои што пред неколку месеци односно пред десетина месеци ги дизајнираа овие политики за кој што изгубија со историски минимум, сега имаат лице да излегуваат и тие да обвинуваат некого. Во јавноста проструи една информација дека има поднесено неколку кривични пријави кон Николоски. Јас сметам дека треба подетално да и објасниме на јавноста за какво поведение се работело и за што конкретно тие кривични пријави се поднесени бидејќи ако разговараме за одредена тема или одредено прашање тогаш треба да ги имаме сите информации од тој аспект. Така да, еве можност. Жалам што не е тука и да се спротистави на ова кое што го зборуваме. Но, ете можност и ве замолувам да ја известите јавноста и да кажете детали околу ова негово поведение. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 ноември 2025 година Ви благодарам. Почитуван премиер, почитуван претседател на Собрание, почитуван пратеник кој што го поставивте прашањето. Мојата дискусија сакам или одговорот на прашањето кое што го поставивте сакам да ја почнам дека борбата со корупција и криминал не познава граници и ние тоа како Влада, како министерство го покажавме на дело дека независно некој дали е во моментот извршува политичка функција, државна функција дека треба да одговара кога го прекршил законот. И, сооднос кој што постои бараме еве повторно и упатувам да се испита до крај и сите кои што се инволвирани да одговараат. Меѓутоа да бидеме исто така, искрени дека претходната власт сегашната опозиција додека беше на власт иако имаше сериозни притисоци од јавноста, докази, укажувања и т.н. документи кои што беа доставени од свиркачи. Не постапуваше по наводниот криминал кој што се случуваше во сериозни размери, по готово и во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што тогаш дел на опозицијата беше и сегашниот пратеник Љупчо Николоски, па потоа и анти корупционер. Но, да одиме по ред. Она што веднаш по сознанието дека е сторена одредена злоупотреба на позицијата директор и одредени други лица кои што се инволвирани во овој случај, она што веднаш беше употребено а тоа е Националниот механизам каде што националниот координатор веднаш пристапи кон брза реакција односно стопирање на сета работа во делот на Агенцијата за платежната агенција. Тоа значи дека оваа брза реакција треба да провери што точно се случувало внатре во самата агенција. Да потенцирам, не значи блокада на средствата од Брисел бидејќи опозицијата и пратеникот Николоски упорно сакаше да ја поткрене јавноста дека наводно ќе изгубиме 130 милиони евра грантови од Брисел, дека земјоделците ќе останат без финансиска поддршка дека ќе доживееме тежок колапс. Меѓутоа апсолутно тоа не е точно. Нашата брза реакција која што ја преземавме како држава беше сериозно поздравена од Брисел. А, тоа покажува дека сме сериозно посветени и решени да ја покажеме зрелоста на институциите во борбата со корупцијата. Последните податоци кои што ги добивам од Агенцијата за финансиска поддршка говори дека тековните активности во самата агенција се одвиваат тековно и со предвидена динамика. Односно сите оние апликации кои што се по однос на ИПАРД повиците се во фаза на евалуација. За да биде појасно на јавноста затоа што, гледам дека опозицијата упорно сака да изнесе филувани податоци за да ја подгрее целата јавност. Сакам да кажам дека ИПАРД 3 програмата е за период од 2021 година до 2027 година, со вкупен Буџет од 128 милиони евра од кои што корисниците на европските фондови сме 97 милиони евра додека 31 милион евра се национално кофинансирање. Од вкупно склучените 453 договори 342 договора се веќе исплатени односно 289 се исплатени, 111 воопшто корисниците немаат поднесено барање за исплата додека остануваат за исплата односно во фаза на чекање се само 53 договори. Да повторам, овдека паѓа во вода обвинувањето на опозицијата дека илјадници договори ќе останат без финансиска поддршка, ќе ги изгубиме средствата и ќе колабира македонското земјоделство. Што апсолутно потврдувам дека не е точно. Јас навистина не можам да ги разберам иако верувам дека ги стегаат чевлите поготово поранешниот министер за земјоделство Николовски да политичката сцена излегува и да собира видливост во јавноста бидејќи знам дека се наоѓаат во една тешка внатре партиска ситуација и дека тешко можат да се договорат кој ќе биде можеби нивниот иден лидер. Да потсетам дека беше исто така, и делот на Владата на Зоран Заев каде што управуваше со ресорот анти корупција и дека најголема активност му беше броењето на водата на министрите кои што ги пиеја во тоа време а не со борба со корупцијата и криминал кој што го имаше во изобилие. Гледам дека сега е најгласен во јавноста. Излегува, жалам што денеска не е на оваа собраниска седница да биде тука, да одговориме лично. Претпоставувам дека е повеќе силен кога јас не сум тука и сум надвор од државата. Инаку за потсетување моето патување беше во Киев на еден светски симпозиум за храна. Во рамките на тој самит беше одржа и еден многу важен состанок со министерот за економија и земјоделство во делот на продлабочување на трговската размена. За разлика од неговите патувања кои што беа за да си се поднови со некој нов дополнителен пар бели патики кои што ги има. Во делот на она што се работи во проверката на Агенцијата верувам дека ќе излезат многу против законски де јанија кои што се направени во Агенцијата и токму во нивно време и да оставиме времето да покаже за што точно се работело. Додека што се однесува на работењето на Николоски само да потенцирам дека се поднесени неколку кривични пријави за злоупотреба на неговата положба и кршење на законите и сериозно оштетување на државниот Буџет. Меѓутоа во интерес на јавноста, еве уште еднаш сакам да потсетам дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е посебен правен субјект кој што меѓу другото е надлежен за реализација на средствата од помошта на Европската Унија по готово во делот на руралниот развој. И, тука воопшто Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство нема никаква обврзаност во делот на креирање и реализација на овие активности. Меѓутоа она што е важно и сакам да го споделам со јавноста. А, тоа е дека договорот за асоцијација и стабилизација и рамковната спогодба е единствената врска помеѓу Агенцијата за финансиска поддршка и за земјоделството и руралниот развој со министерството. Зошто го потенцирам овој факт? Со самото преземање на власта во 2017 година тогашниот министер веднаш на една од првите седници го разрешува раководителот на телото за управување со програмата за компонентата од делот на ИПАРД средствата и назначува лице. Тоа лице почитувани кои што еве во интерес на јавноста и на вистината на собраниска односно на владина седница каде што тогашниот министер го именува посоченото лице кое што е едно од блиските лица на партијата СДСМ и е истиот раководител на ова тело а истото решение потпишано од тогашниот министер Николоски е за делот на распоредување на работното место во овој сектор во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. И, дополнителни други лица кои што се многу блиски до партијата СДСМ. Така да, обвинувањата дека патиштата водат до мене, напротив. Водат до лица кои што ги има тој назначено а ова се конкретните материјални кои што навистина укажуваат на неговото работење, за разлика од нив. Јас од стапувањето на министер не разрешив ниту еден од овие кои што се сега на позиции затоа што, сакаме да покажеме дека сме различни, не сме политички реваншистички настроени меѓутоа ваквите работи кои се случуваат веќе ги надминаа сите граници. За разлика од нив веќе со самото доаѓање поставуваат партиски луѓе кои што се на вакви позиции. Дополнително сакам да укажам дека фактот со кој што опозицијата сака да не обвини дека имале најуспешна тие ИПАРД реализација, распределба на средствата и т.н. за потсетување во име на вистината Агенцијата за финансиска поддршка е формирана далечната 2007 година од тогашната Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ. Најголемиот дел или речиси сите мерки кои што се акредитирани по кој што работи Агенцијата денеска. Мерката еден, мерката три, мерка седум и дополнително мерката девет се реализира односно акредитирани во времето на ВМРО – ДПМНЕ. Она што сегашната опозицијата во време на власт е само тоа што продолжи да работи по она што го имаше воспоставено ВМРО – ДПМНЕ. Апсолутно не е точно дека имаат одредени успеси и не знам сме биле први во регионот па, сега ќе ги изгубиме средствата и т.н. Тоа само покажува дека изминатите 6, 7 години кога беа на власт го преспаа во делот на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, не направија никаква активност, не донесоа никаква иновација или пак подобрување на состојбите. Сведоци бевме каде што имаше безброј штрајкови, намалување на производството на храна, не исплатени субвенции. Едноставно колабиран систем кој што и ден денеска мака мачиме како да го вратиме во една нормала. Она што сакам да го упатам како заклучок е дека платежната Агенција продолжува со тековните активности во делот на националните плаќања. Она што се работи како дополнителна контрола од нашите внатрешни институции е да се провери што точно се случувало. Очекувам дека многу брзо од денеска ќе има траење на оваа забрана и ќе продолжи работата на платежната Агенција и во делот на ИПАР структурите. Брисел ја поздрави оваа реакција затоа што, навистина оцени дека како нас, како држава навистина има сериозна посветеност и решителност да се бориме со криминалот и корупцијата. Така да, сите обвинувања кои што ги даде опозицијата изминативе денови дека навистина ќе се изгуби оваа важна институција, паѓа во вода и тоа е поткрепено. Меѓутоа и во наредните денови ќе видиме за што точно се работи. На крајот, опозицијата треба да реши дали е за криминалот или против криминалот во државата. Благодарам. Дополнителен одговор Почитуван пратеник, благодарам на дополнителното прашање. Со оглед дека не успеав во претходното прашање да одговорам. Еве, ќе се обидам накратко да појаснам на јавноста за каков криминал и корупција се случувало во министерството. Оној кој што сега сака да се појави како спасител е најголемиот уништувач на македонското земјоделство и кршење на законите и оштетување на Буџетот. Но, да одиме по ред. Првиот предмет на кој што веднаш по влегувањето во министерството покрај враќањето и стабилизирање на секторот, важниот сектор производство на храна беше проверката на работењето кое што во тогашната опозиција како опозиција алармиравме за многуте злоупотреби. На жалост многу од нив излегоа и точни. Да почнеме со ред, првиот случај кој што е поднесен до надлежните институции е за една фирма од Струмица, блиска до сегашната опозиција тогашната власт која што во периодот од 2019 година до 2022 година има склучено околу 19 односно точно 19 договори за закуп на земјоделско земјиште. Ова земјиште било дадено со предмет на инвестиција која што требала да изнесува од над 2,5 милиони евра. Управителот на оваа фирма наменски бил помлад од 40 години за да биде ослободен 3 години од закупнина кон државата. А, дополнително треба да инвестира оваа инвестиција. Веднаш по преземањето на власта се направи контрола кај овој субјект кој што има земено илјадници хектари квалитетно земјоделско земјиште и беше констатирано дека над 11 договори предметната инвестиција воопшто не е изреализирана, договорот не бил раскинат и дополнително истиов субјект искористил од над 485 илјади евра субвенции односно буџетски средства. Иако Николоски требал да прави редовна контрола и да провери што се случувало, тоа не се правело. Еве, почитувани, во име на вистината ова еден од договорите кој што е потпишан лично од тогашниот министер Николоски. Каде што само за овој договор пошто изнесува над 241 хектар на една од деловите на нашата држава. Понудена е закупнина од 30 илјади евра која што како што споменав бил ослободен од плаќање. Требало да се подигне предмет на инвестиција од речиси 2 милиони евра. Истата не била подигната. Значи, класична злоупотреба на државниот ресурс со земјоделско земјиште, црпење буџетски средства, не користење на земјоделското земјиште кои што истото по пат е констатирано дека е давано и на трети лица во има на подзакуп. Ова е еден од предметите кој што прв беше донесен односно поднесен до надлежните институции за да постапуваат. Но, денеска немам информација, еве ја користам приликата по допрен глас укажување да се почне со истрага на овој сериозен предмет. Одиме понатаму. Вториот предмет на кој што исто така, е поднесен против тогашниот министер Николоски се работи за договор исто така, за земјоделско земјиште кое што во 2021 година е раскинат од страна на министерството меѓутоа каде е злоупотребата. Министерството има законска обврска да ја извести платежната Агенција и Агенцијата за катастар и недвижности дека имаме раскинување на некој договор кој што е со министерството склучен за да се стопираат сите исплати, евентуални исплати кон овој правен субјект. Истото, почитувани во овој предмет намерно или не намерно тоа не знам, тоа треба да си каже тогашниот министер пред надлежните органи: Зошто не ги известил овие де институции? За да оваа иста фирма има искористено од периодот од 2021 година до 2023 година, нешто над 19 милиони денари субвенции по основ на буџетски средства а не требало да ги земе. Ова е уште еден пример каде што претпоставувам затаиле институциите односно самиот министер во делување и спроведување на законите. Третата злоупотреба кој што се однесува е во делот на поделбата на грантови за микро производители на вино спроведени во 2022 година и 2023 година. Инаку за јавноста, министерството нема надлежност да дели грантови кон физички и правни лица затоа што, како што споменав во претходното прашање формирана е посебна институција наречена Агенција за финансиска поддршка која што има механизам направила критериуми и исплата и контрола на овие средства кои што се поделени кон лицата. Почитуваниот пратеник, во тоа време како министер има поделено над 80 милиони денари во 2022 година и 2023 година заедно преку јавни повици кои што ги објавил за едни вакви грантови во делот на производството на вино. Свесно ја заобиколил платежната Агенција како еден од инструментите за законско делење на средства во делот на земјоделството надвор од процедура и критериуми. Комисијата која што ги делела овие грантови е составена од 3 члена и замислете по некоја случајност претседателот на една од овие комисии во 2022 година е претседателот на партиската комисија за земјоделство на СДСМ, кој што е вработен во министерството и веднаш, нормално по доаѓањето на ВМРО - ДПМНЕ на власт и откривање на овој случај истиот некако, мистериозно си поднесе оставка и го напушти министерството. Претпоставувам дека активностите ќе ги продолжи во делот на надлежните институции каде што треба да одговори како и зошто поделиле над 80 милиони денари, буџетски средства. Одиме понатака, во делот на унапредувањата. Партиските унапредувања во министерството почитуваниот пратеник, тогашен министер си унапредувал партиски другарчиња во министерството, надвор од процедурите и закон без согласност на Министерство за финансии. Свесно се поставувал над законите и го оштетил Буџетот со илјадници евра. За исто така, за ова треба да одговара пред надлежните институции. Одиме понатаму, оној кој што сега сака да се претстави како голем домаќин, креатор на решенија и т.н. замислете по напуштањето на министерството се нема раздолжено со техничката опрема која што ја имал задолжено во висина од над 300 илјади денари. Можеби некој ќе рече: Тоа се некои 300 илјади денари меѓутоа за мене како во моментов министер и носител на јавна функција злоупотребата дали е за еден денар, за 300 илјади денари или за 3 милиони евра одговорноста е иста. Истиот не се има раздолжено кон министерството го има присвоено оваа техничка опрема и ден денска ја нема вратено иако неколку пати е опоменуван со опомена пред тужба да врати. Веќе конечно му е поднесена и официјална пријава за да се раздолжи. Не знам зошто не ја раздолжува претпоставувам дека има многу од битните информации, дилови кои што ги правел во рамки во министерството во време додека владеел. Одиме понатаму за домаќинското работење на опозиционерот Николовски, тогашен министер. Пред мене го имама и Договорот со Германската Банка, КфВ, каде што во 2019 година, почитувани, сме се задолжиле, сме земале заем од висина од 90 милиони евра за реконструкција на системите за наводнување. Тоа е овој Договор кој што го имам заедно со мене. Тогашниот министер од 2019 до 2024 година не преземал ниту една активност во реализација и имплементација на овој заем и во делот на санации на тоа што било предмет на заем, со тоа што државата исплатила над 2 милиони евра по однос на камати и неповлечени средства. Замислете, 2 милиони евра кои што можеле да се употребат за изградба на некое училиште, некоја градинка, да се набават амбулантни возила, да се реновира некој запуштен систем постоечки во делот на Министерството. Толку бил заспан министерот и неговата администрација. И тогашниот премиер го оставил да си ги преспие тие пет години. Не ја ни информирал проектната единица која што била законска обврска, да го спроведе овој заем и да ја имплементира оваа сериозна сума на пари, кои што ние и нашите идни поколенија треба да ги враќаат кон овој кредитор кој што се јавил. Има уште многу, во интерес на времето, повикувам овие надлежни институции да си постапат и да овој сегашен пратеник, тогашен министер, своето време наместо на бледи прес конференции да се тетерави и да се обидува да се извади од калта во која што самиот западнал, треба да си појде самиот во овие институции кои што треба да постапуваат и да си даде исказ, зошто и како го направил ова. Дали било свесно или несвесно, треба да се има одговорност пред секое едно прекршување на Законот. Благодарам.

Сите пратенички прашања