Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска прашува за мерките за транспортерите; МНР посочува на регионални преговори

Резиме

Јованка Тренчевска праша зошто Министерството за надворешни работи не презело мерки во врска со ограничувањето на престојот на возачите во Шенген-зоната и кој ќе одговара за штетата врз транспортерите и економијата. Таа тврдеше дека владината реакција за проблемот била задоцнета и дека најавата оти тој е решен не се потврдила.

Заменик-министерот одговори дека властите, заедно со земјите од Западен Балкан, подолг период бараат промена на мерките и дека на 11 февруари работна група разгледала околу 50 предлози. Според него, сè уште нема разбирање кај земјите членки, но разговорите продолжуваат; мерката, рече, важи за земјите од Западен Балкан, а не само за Македонија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање се однесува на тема што е актуелна периодов и која директно ги засега македонските транспортери и бизнис заедницата. Деновиве се виде и се потврди дека власта наместо да ги решава проблемите, единствено што знае е да дефокусира и да води лажен пијар на штета на државата, граѓаните и компаниите. Последен ваков пример е случајот со транспортерите, пред само три недели ги излажавте овие луѓе дека проблемот со ограничувањето на престојот на возачите од Западен Балкан вклучувајќи и Македонија, во земјите од Европската Унија е решен. Ова помпезно и на социјалните мрежи и преку медиумите што ги контролирате го изјави вицепремиерот Николовски кој што рече, цитирам: „Добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија, нашите ставови се прифатени, возачите се прифатени како професионалци.“ Само пред три дена видовме дека оваа изјава била една голема лага, уште еден лажен пијар од кој трпи бизнисот и економијата. Вистината е дека проблемот не е решен, транспортерите се соочуваат со реални пречки и проблеми. Компании веќе размислуваат или започнале постапки за регистрација во други земји, како Бугарија и Хрватска. Ова значи губење приходи, губење работни места и одлив на капиталот од државата. Овој проблем не падна од небо пред три недели. Новите правила на Европската Унија не се донесени пред три недели. Конкретно одлуката сте ја знаеле од 26 јули 2025 година, тогаш била донесена со постепено воведување од октомври истата година. Тоа значи дека сте имале цели шест месеци за подготовка, за разговори, преговори, за можности, за некакви транзициски механизми, односно сте имале време да ги заштитите домашните превозници. Ако Европската Унија јасно кажала дека ги менува плановите и регулативите за движење со воведување на електронски систем уште минатата година, што правеше Владата и што правевте вие во Министерството за надворешни работи. Заменик министер, како дипломат и како претставник на државата во комуникацијата со Европската Унија сте имале обврска навреме да реагирате, да преговарате и да обезбедите заштита на транспортерите на националните економски интереси. Но вие свесно одбравте да молчите како и за се друго. Па сега кога дојде нож под грло целиот овој проблем се обидувате да го вклопите во вашата ЕУ-антикампања, што ја водите за да прикажете дека виновна е Европската Унија, да предизвикате негативна реакција кај граѓаните, а всушност единствениот виновник е вашата Влада. Јавноста гледа, гледаме сите ние дека и овој проблем за кој вие сте виновни како власт е само дел од анти ЕУкампањата на Владата, која наместо кон интеграција, ја води земјата кон изолација без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите и граѓаните. Проблемот на транспортерите не е само прашање за една стопанска гранка, туку е прашање за економијата во целост. Кога транспортниот сектор е блокиран, страда индустријата, страда извозот, страдаат бизнисите, страдаат граѓаните. Вие како заменик министер, меѓудругото и за надворешна трговија ги знаете последиците. Оттука моето прашање до вас е зошто ништо не преземавте шест месеци, кој ќе поднесе одговорност за штетата што ја трпат транспортерите и македонската економија.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 февруари 2026 година Заменик министерот за надворешни работи Благодарам пратеничке на прашањето. Пред да поминам на конкретен одговор на вашето прашање сакам само да се осврнам на една ваша инсинуација која што се обидувате да ја наметнете во јавноста веќе подолго време, дека Владата ја води Република Македонија во некаква изолација, која што навистина вирее само очигледно во вашите глави, во главите на СДСМ. Истовремено обидувајќи се да докажете дека ние сме некаков дел од српски свет, нешто што е директно последица од интервенцијата на бугарските европратеници во Извештајот на Европарламентот. Вие како едноставно да не разбирате дека доколку ја обвинувате Владата за такво нешто, за изолација и за српски свет, ја водите водата на воденицата на радикалите во Софија, кои што не сакаат Република Македонија да напредува кон членството во ЕУ и сака да ги остварат своите Санстефански соништа. Но, околу изолацијата уште една реченица, потоа веднаш ќе поминам, значи во година кога склучуваме стратешко партнерство со Обединетото Кралство, добиваме кредитни гаранции од Обединетото Кралство во сума од 6 милијарди евра, во година кога склучуваме договор, односно во тек е склучување на договор за билатерални, трговски односи со Соединетите Американски Држави, каде што ќе успееме на крајот да обезбедиме за нашите производи кои што ги извезуваме на пазарот на Соединетите Американски Држави најповолни стапки за царинење, во година кога навистина ги унапредуваме односите со нашите стратешки партнери и правиме се да го откочиме и патот кон Европската Унија кој вие го закочивте, вие ни говорите за некаква изолација. Но, добро. Велам тоа останува да живее само во вашите глави. Во однос на ова прашање познато е дека неколку месеци, значи од донесувањето на оваа Одлука за системот за контрола, односно, фактички влез и излез во Шенген зоната, тоа не е стар систем, да, но ние моравме да се подготвиме од причина што во Европската Унија и земјите членки толерираа долго време нашите превозници, не само нашите, сите од Западен Балкан, толерираа, нивното присуство затоа што навистина за луѓе кои што се занимаваат со бизнис, а не за обични туристи, 90 дена од 180 се малку во однос на нивниот престој за превоз на стоки во земјите членки на Европската Унија, па и не само во нив, туку и во Британија, поминувајќи ги земјите членки на Шенген зоната. Значи ние заедно со нашите партнери од Западен Балкан, оваа мерка не е упатена кон Македонија, оваа мерка е упатена кон сите земји членки од Западен Балкан и кон таканаречените фронтдрајнери, за кои што вие постојано ни солите памет и важи за сите. И ние во координација со сите земји кандидати за членство во Европската Унија од Западен Балкан, превозниците се организираа, се организиравме како влади подолг период во Брисел, да вршиме притисок да дојде до промена на овие мерки. На 11 февруари конечно дојде до формирање на работна група односно таа одржа состанок на која се изнесени бројни предлози, 50-тина предлози, затоа говореше и директорот на Стопанската комора на Македонија. Но, сеуште нема разбирање кај земјите членки во овој контекст. Но тоа не значи дека работата е завршена. Напротив, ова прашање ги засега не само земјите кандидати од Западен Балка, туку и земјите членки на Европската Унија. Вие имавте гласови од Загреб, од Софија, од владите од Хрватска и Бугарија кои што директно притискаат и интервенираат во Европската Унија да се донесат поволни мерки во контекст на, фактички да можат превозниците да влегуваат повеќе од 90 дена од 180. Има бројни предлози и мерки кои што ние ги предлагаме и се надеваме дека...

Сите пратенички прашања